Црна хроника
(Видео) Приведени две лица осомничени за учество во инцидентите пред Собранието
Две лица од Скопје се приведени и против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело, казниво според Кривичниот законик, соопшти полицијата.
Имено, од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода Д. Ј. (32) и С. Ј. (18) од Скопје и во соработка со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело според член 385 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека на 5.7.2022, околу 21 часот, за време на одржување ненајавен јавен сoбир организиран преку социјалните мрежи, почнале да фрлаат со камења и разни други предмети кон полициските службеници и зградата на Собранието. Против нив се обезбедени сите докази по што се изнесени пред судија на претходна постапка.
СВР Скопје продолжува со преземање мерки и активности за идентификување сторители на кривични дела за време на протестите и обезбедување докази против нив по што заедно со кривичните пријави, ќе бидат приведени и изнесени пред надлежен јавен обвинител и пред судија на претходна постапка, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

