Спорт
Погачар „се скрши“ на Алпите, Вингегард е нов лидер на Тур де Франс
Данецот Јонас Вингегард е нов носител на лидерската жолта маичка на Тур де Франс, по пеколниот ден за словенечкиот лидер и актуелен шампион Тадеј Погачар на 11. етапа.
Минатогодишиот вицешампион Вингегард нападна на 4.9 километри пред крајот на етапата, за да го остави Словенецот зад себе, кој не ги издржа постојаните напади од тимот на Вингегард, Џамбо-Висма. Тие ја презедоа контролата на искачувањето Галибие, изолирајќи го Погачар, кој на крајот потклекна на последното искачување на денот, Кол ду Гранон, во должина од 11.3 километри со просечно искачување од 9.2 отсто.
Од тој момент, низа велосипедисти се дистанцираа од Погачар – Наиро Квинтана беше втор зад Вингегард, со Роман Барде на третото место. На крајот, Вингегард има 2 минути и 16 секунди предност пред Барде, додека Погачар сега е трет со 2:22 послабо време.
???? Jonas Vingegaard does the double in an incredible stage!
???? Watch the last KM now!
???? Jonas Vingegaard fait coup double après une étape sensationnelle !
???? Revivez le dernier KM#TDF2022 | @Continental_fr pic.twitter.com/zPG7g4c2QH
— Tour de France™ (@LeTour) July 13, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нејмар реши за кој клуб каде ќе игра во 2026 година
Бразилскиот фудбалер Нејмар одлучи да остане во Сантос и наскоро ќе го продолжи договорот до крајот на 2026 година, објавија медиумите во Бразил.
На овој начин, Нејмар стави крај на шпекулациите дека ќе се пресели во Саудиска Арабија.
Нејмар, одлучи да игра на сигурно, постојано да биде пред очите на селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и да му докаже дека заслужува место во репрезентацијата на претстојното Светско првенство играјќи во дресот на Сантос.
Во јануари 2025 година, Нејмар повторно стана член на Сантос, за кој минатата година одигра 28 натпревари и запиша 11 гола и четири асистенции.
Долго време беше повреден, но на крајот од сезоната значително му помогна на Сантос да избори опстанок во најсилниот ранг на бразилскиот фудбал.
Претходно објави дека сака да игра на овогодинешното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.
Нејмар дојде во Сантос од Ал Хилал, а претходно играше за Пари Сен Жермен и Барселона.
Foto/ depositphotos
Спорт
Државниот врв ги избрка селекторот, капитенот и легендата на Габон
Општ хаос владее во фудбалската репрезентација на Габон по елиминацијата од Африканскиот куп на нации во Мароко. Владата на оваа африканска земја одлучи да го избрка селекторот Тиери Мујум и целиот тренерски штаб, капитенот Бруно Манга и најголемата легенда во репрезентацијата, Пјер-Емерик Обамејанг.
Репрезентацијата на Габон беше поразена од селекцијата на Брегот на Слоновата Коска по пресвртот од 2:3 во решавачкиот натпревар на Африканскиот куп на нации, што резултираше со нивна елиминација од натпреварувањето.
Габон го зазеде последното место во групата Ф со еден бод во конкуренција на Брегот на Слоновата Коска, Камерун и Мозамбик, што предизвика лавина од незадоволство во земјата.
По „срамната“ елиминација од Африканскиот куп на нации, Владата на Габон објави соопштение во кое ја информира јавноста дека го отпуштила целиот стручен штаб на чело со селекторот Тиери Мујум, како и дека суспендирала двајца клучни играчи до понатамошно известување: капитенот Бруно Еквеле Манга, кој е рекордер со 118 натпревари, како и најдобриот играч на сите времиња и најдобар стрелец на националниот тим, Пјер-Емерик Обамејанг.
По повод испаѓањето од Африканскиот куп се огласи и претседателот на државата, Брајс Клотард Олиги Енгуема, велејќи дека „дел од националниот идентитет е ослабен“…
Foto/ depositphotos
Спорт
Челзи го отпушти Енцо Мареска
Италијанскиот стручњак Енцо Мареска повеќе не е тренер на фудбалерите на Челзи, објави англискиот клуб.
Мареска го презеде Челзи во јуни 2024 година, а со клубот од „Стенфорд Бриџ“ ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство во 2025 година.
„Овие достигнувања ќе останат важен дел од поновата историја на клубот и му благодариме за неговиот придонес во клубот. Со оглед на тоа што клучните цели сè уште треба да се исполнат во четири натпреварувања, Енцо и клубот веруваат дека промената му дава на тимот најголема шанса да ја врати сезоната на вистинскиот пат. Му посакуваме на Енцо се најдобро во неговата идна кариера“, се вели на веб-страницата на Челзи.
Италијанскиот тренер неодамна имаше несогласувања со раководството на Челзи, а сето тоа кулминираше по резултатската криза и една победа во претходните седум натпревари од Премиер лигата.
Челзи е на петтото место на табелата во Премиер лигата со 30 бода, додека во Лигата на шампионите е на 13-та позиција со 10 бода.
Foto/ depositphotos

