Европа
Будимпешта и Прага за заедничка европска војска

Премиерите на Унгарија и на Чешката Република се заземаа во петокот за формирање заедничка европска војска на средбата во полската престолнина Варшава со германската канцеларка и полскитe и словачкитe колеги, пред самитот на Европската унија кој ќе се одржи во словачката престолнина Братислава на 16-ти септември кој ќе биде посветен на иднината на ЕУ по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата.
„Безбедноста мора да ни биде приоритет и мораме да започнеме да градиме заедничка европска војска. Британското излегување не е причина за кризата во ЕУ, туку последица, Европската унија во сите области ја загуби способноста да се прилагодува. Затаи во текот на финансиската криза, нема одговор на имигрантската криза, на тероризмот. Проблемот се состои во тоа што не ги почитуваме ниту нашите договорени принципи. Ниту Шенгенот, ниту буџетските правила“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Повикувајќи на подобрата заштита на шенгенските граници, чешкиот премиер Бохуслав Соботка оцени дека не станува збор само за јакнење на соработката во борбата против тероризмот, туки и дека треба да „започен расправа за можно формирање заедничка европска војска“. Полска, која е домаќин на оваа средба, го споделува овој став. По одлуката на Британците да излезат од ЕУ, челникот на владејачката партија Јарослав Качински побара институционални реформи на Унијата во насока на конфедерација, со претседател кој би требало да ја води заедничката војска.
Полската премиерка Беата Шидло во петокот повтори дека на ЕУ ѝ се неопходни реформи за да биде посилна и повеќе ориентирана кон развојот, истакнувајќи дека реформите во прв ред мора им обезбедар на европејците да „чувствуваат дека се господари на ЕУ“.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „безбедноста е најважниот проблем“ и оти „мораме да сториме повеќе, заедно, за безбедноста и одбраната“.
„Безбедноста не е само борба против тероризмот. Тоа е цела низа проекти кои не се реализирани, на пример регистерот и излегувањето од шенгенскиот простор, прашањето на миграциите и хуманитарната одговорност. Брекзитот не е обичен настан, тоа е пресвртница во историјата на ЕУ, оттаму мораме да пронајдеме паметен одговор“, порача Меркел.
Меркел истакна дека е важно земјите од Европската унија во текот на подготовките на самитот на 16-ти септември „да се слушаат едни со други во многу различни аспекти“.
Германската визија на федерална Европска унија е во спротивност со визијата на новите земји членки од истокот, кои се залагаат за конфедерација на државите – нации.
Друго чувствително прашање е мигрантската криза, бидејќи источна Европа е против системот на квотите за кои се залагаат Брисел и Берлин. Вишеградската група, односно Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, сметаат дека мигрантската криза да се решава со пружање помош во регионите од кои доаѓаат бегалците, значи не во Европа, туку на Блискиот исток и во Африка.
Меркел изрази увереност дека е можно да се пронајде решението, согласувајќи се дека патот за решавање на кризата е договор со третите земји да ги задржат бегалците, како што е договорот со Турција.
„Луѓето ќе ја прифатат Европа, само доколку таа им ја осигури материјалната благосостојба. Мораме да им понудиме добро платени работни места. Имаме многу работа“, порача германската канцеларка./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин