Црна хроника
Кичевка фатила крадец на дело, тој ја нападнал, украл велосипед и побегнал

Вчера во 10:00 часот на ул. Прилепска во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.Б.(20) од Битола.
Тој се сомничи дека околу 02.30 часот со метален предмет ја нападнал И.И. (68) од Кичево.
Според пријавеното, И.И. го забележала Б.Б. како претура во метален шкаф пред влезната врата од нејзиниот дом, кој потоа ја нападнал со метален предмет, по што одзел велосипед и побегнал.
И.И. била пренесена во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош, а по преземени мерки Б.Б. бил пронајден и лишен од слобода и од него биле одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор

Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.