Македонија
Ковачевски: Изолацијата која ја планира опозицијата е неприфатлива, ретроградна и треба да се надмине
Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и негласањето за заклучоците, рече дека ако тие решиле да се изолираат како партија, тоа не значи дека треба да ја изолираат и државата и граѓаните.
,,Не може ако некој решил себе си да се изолира, ако решил да ја изолира својата партија, ако решил преку нотарски изјави да ги изолира своите пратеници тоа да го прави на сите граѓани на државата и на целата држава и неа да ја изолира, тоа е неприфатливо, тоа е ретроградно и тоа треба да биде надминато”, рече Ковачевски.
Премиерот изјави дека се надевал дека и искрено граѓаните се надеваа дека ВМРО–ДПМНЕ конечно ќе биде партија која што ќе се реформира која што ќе стане вистинска партија членка по урнекот на други напредни политички партии, членки на народните партии во Европа.
,,Меѓутоа гледаме дека таа политичка партија ниту милиметар не е променета во однос на она што ги имавме под водство на нивниот претходен претседател. Во тоа време нивните пратеници потпишуваа меници, а сега потпишуваат нотарски изјави. Пратениците според Устав се независни во своето одлучување во собранието, тие таму не претставуваат политичка партија или пак претседател на политичка партија кој што им бара нотарски изјави и мафта со нив по прес-конференции, тие таму ги претставуваат граѓаните кои што ги избрале”, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

