Спорт
Хрватите објавија: Фудбалерите на Шкупи „дремнале“ во „Мекдоналд“ на враќање од Гибралтар

Македонскиот првак Шкупи утревечер ќе игра против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, а во пресрет на мечот хрватските медиуми објавија видеосторија како тимот од Чаир се враќал од патувањето во Гибралтар.
„Поневеројатно од поразот на Шкупи (2-0) од Лонколн во Гибралтар звучат и информациите дека играчите на македонскиот шампион по натпреварот во Гибралтар осум часа престојуваа на плажа, а следната дестинација им била Виена, каде што стигнаа со редовна линија од Малага. Клубот штедел на трошоци за сместување и во Виена, тимот, што го води Гоце Седлоски, не бил сместен во хотел или некое друго слично сместување, туку играчите спиеле во ‘Мекдоналд’. Таму минале десет часа, а видеозапис од таа несекојдневна глетка осамна и на социјалните мрежи. Потоа, од Виена со авион до Белград за патешествието да продолжи со автобус од Белград до Скопје. Навистина чудна организација на патување, особено ако се знае дека УЕФА и тоа како финансиски го наградува учеството во европските натпреварувања. Вкупно Седлоски и неговите играчи на пат минале два дена, што е зачудувачки за шампион на една европска земја“, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.
Шкупи вечерва ќе тренира на „Максимир“ во пресрет на утрешниот прв натпревар со Динамо Загреб.
$bp(“Brid_58135495”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”1055334″,”autoplay”:0,”shared”:true});
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан испратиле понуда за Бонифејс

Италијанскиот гигант Милан до крајот на преодниот рок ќе донесе уште еден напаѓач, бидејќи во овој момент во тимот има само една класична „деветка“, Сантијаго Хименез.
Изминатите недели со Милан се поврзиваа Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед и Душан Влаховиќ од Јувентус.
Но како што сега стојат работите, ниту еден од нив нема да пристигне на „Сан Сиро“.
Италијанските медиуми вечерва објавија дека Милан испратиле официјална понуда до Баер Леверкузен за нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс (24). Според овие извори, Милан за се подготвени да им платат на „аптекарите“ околу 30 милиони евра отштета.
Наводно, челниците на Милан и Бонифејс веќе постигнале договор за платата, а се чека „зелено светло“ од германскиот клуб.
Нигериецот е во Баер од 2023 година, кога пристигна од Унион Берлин, а пред да дојде во Германија играше и за норвешки Бодо/Глимт, кипарски Лефке и нигериски Реал Сафир. Тој одигра 13 натпревари за нигериската репрезентација.
Спорт
Даглас Луиз се сели во Нотингем Форест

Играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз (27), треба да го финализира својот трансфер во Нотингем Форест во следните неколку дена, објавија италијанските медиуми.
Бразилецот пристигна во „Старата дама“ пред една година од Астон Вила во трансфер вреден 51 милион евра. Тој помина пет сезони во Вила и постигна 22 гола и додаде 24 асистенции.
Јуве очекуваше многу од Бразилецот, но тој на крајот се покажа како големо разочарување и еден од најлошите трансфери во историјата на славниот клуб од Торино.
Ни Тијаго Мота, ни Игор Тудор не успеаја да го извлечат максимумот од Далглас Луиз.
Иако неговиот договор е важечки до јуни 2029 година, Јуве одлучи дека е најдобро да го продаде додека сè уште може да добие значителна отштета за него. Иако раководството на „Старата дама“ се надеваше на сума од 40 милиони евра, се чини дека ќе се согласат со понудените 30 милиони, тврдат италијанските медиуми.
Даглас Луиз треба да потпише петгодишен договор со „шумарите“, а би имал поголема плата отколку во италијанскиот клуб.
Спорт
Македонија со победа ги заврши мундијалските предквалификации

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа го заврши претквалификацискиот циклус за Светското првенство. Вечерва цо СРЦ Кале во Скопје, Македнија ја победи Унгарија со 82:75. Првата победа, забележана во последното коло, не беше доволна Македонија да влезе во мундијалските квалификации, таму ќе играат Романија и Унгарија.
Македонија одигра добар меч против Унгарците. Со исклучок на воведните минути, Македонија го контролираше натпреварот. По водството на Унгарија (12:15), Македонија одговори со серија од 11:0 и до крајот не го испушти водството.
Во последниот период Македонија ја достигна и највисоката предност од 17 поени (76:59).
Вајле ја предводеше Македонија со 23 поени, по 14 постигнаа Митревски и Ташковски.
Foto/ kfsm.mk