Македонија
(Видео) Ковачевски: Ова е историски ден, огромно е задоволството што по 17 години конечно ги почнуваме преговорите
Премиерот Димитар Ковачевски очекува Македонија да биде пример за најбрза интеграција на државата во ЕУ. Тој рече: „ Ако по утрото се познава денот, ова ќе биде историски и добар ден, кој ќе обезбеди европска, сигурна и безбедна иднина“.
„Нивната заложба беше клучна во Брисел да го направиме првиот чекор што ќе нè одведе до полноправно членство. Верувам дека овој нов почеток ќе значи просперитет и напредок. Кога има напредок во една земја, тоа значи поттик и за другите соседи. Како што и досега сме работеле за граѓани, така продолжуваме. На тој начин работиме и за нас самите и за забрзување на процесот за пристап до ЕУ. Огромно е задоволството што по 17 години чекање, денеска конечно ги почнуваме преговорите, отвораме нови перспективи за државата и полека но сигурно се приклучуваме кон европското семејство“, рече Ковачевски.
Тој смета дека ова е чекор за напредок за цел регион.
„Европскиот предлог кој го добивме преку широк консултативен процес го препознавме како најдобро можно решение, кое од повеќе аспекти ги почитува и задржува црвените линии, а дава почеток на преговорите. Во него е прецизиран македонскиот јазик без дообјаснувања. Со тоа се отвора нашиот македонски јазик да стане официјален јазик во ЕУ, што за мене голем успех. Не само што јазикот ќе биде заштитен, туку ќе добие промоција. Многу земји и култури кои немаат допир со македонскиот јазик, ќе се запознаат. Нашиот идентитет ќе остане тоа, автентично, македонско и во ЕУ. Тоа за Унијата ќе биде поголемо богатство. Нашето место е во ЕУ“, додаде Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

