Европа
(Видео) Рама: Албанскиот народ никогаш не се откажа од европскиот сон
Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека Албанија е свесна дека ова не е почеток на крајот, туку крај на почетокот. Според него, ова е потребно за да се гради силна, демократска Албанија и отворен Западен Балкан.
„Таа знаеше да се бори за сите земји членки и за нас, кои се стремиме да бидеме членки. Сакам да се заблагодарам и на германската дама која не работи, а без која немаше да бидеме тука, Ангела Маркел. Немаше да бидеме тука и без напорите на француското претседателство, без Емануел. Тоа го посведочивме, видовме како се дојде до деблокирањето на една апсурдна ситуација. Голема благодарност и до албанскиот народ кој никогаш не се откажа, не се откажа од својот сон да чекори по тој европски пат и благодарејќи на кој останавме силни и покрај три мошне сложени години“, кажа Рама.
Тој рече дека и покрај трите сложени години во кои одбивањето од Советот, земјотресот, пандемијата, војната кои создадоа бура, тие останале силни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Финска им дозволи на САД пристап до воените бази; Русија: Ќе возвратиме
Русија ќе одговори на одлуката на Финска да дозволи пристап на САД до нејзините воени бази, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
На 1 јули финскиот парламент едногласно го одобри договорот за одбранбена соработка со Соединетите Американски Држави, кој беше потпишан во декември 2023 година.
Договорот наведува 15 објекти и области во Финска до кои американската војска ќе има неограничен пристап и каде што може да складира и воена опрема и муниција.
„Можам само да потврдам дека Русија нема да пропушти да одговори на трупањето сили на НАТО на нашата граница, што претставува закана за безбедноста на Руската Федерација“, изјави заменик-портпаролот на Министерството, Андреј Настасин.
„Ќе ги преземеме и сите неопходни мерки, вклучително и мерки од воено-техничка природа, со цел да возвратиме на агресивните одлуки на Финска и нејзините сојузници во НАТО“, додаде тој.
Финска стана членка на НАТО минатата година.
Европа
Членките на НАТО договорија 40 милијарди евра воена помош за Украина
Сојузниците на НАТО се согласија да финансираат воена помош за Украина со 40 милијарди евра следната година, изјавија двајца западни дипломати за Ројтерс во средата, една недела пред самитот на алијансата во Вашингтон.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, побара од сојузниците да се согласат на повеќегодишна посветеност да продолжат да му помагаат на Киев на исто ниво како од почетокот на руската инвазија во 2022 година, во износ од речиси 40 милијарди евра годишно. Земјите членки, сепак, не го поддржаа првичното барање на Столтенберг, но договорот вклучува одредба дека придонесите на сојузниците ќе бидат разгледани на идните самити на НАТО, според дипломатот.
Сојузниците одлучија да подготват два извештаја во текот на следната година за да одредат која земја што испраќа во Украина, рече дипломатот, за да се исполнат барањата за поголема транспарентност во распределбата на товарот меѓу сојузниците.
Земјите членки „ќе имаат цел да го исполнат ова ветување преку пропорционални придонеси“, се вели во договорот. Финансиската обврска е дел од поширокиот пакет за Украина за кој лидерите на НАТО ќе се договорат на состанокот во Вашингтон од 9 до 11 јули.
Европа
(Видео) Страшен руски ракетен напад врз Днипро, многу мртви и ранети
Во руски напад со проектили и беспилотни летала врз украинскиот град Днипро во средата загинаа четворица цивили, а 27 беа ранети, оштетени се градинки, училишта и болници, а предизвикаа и пожари во градот, соопштија регионалните власти.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски сподели драматично видео од ракетниот напад врз Днипро.
„Утрото не беше добро за нас. Непријателот изврши комбиниран напад врз нашиот град“, рече Серхиј Лисак, гувернер на околниот регион Днепропетровск, во видео објавено на „Телеграм“.
Russian terrorist attack struck Dnipro this morning. Four civilians have been killed, and 27 injured, with two in critical condition. pic.twitter.com/GWYpzqVFjs
— Iryna Voichuk (@IrynaVoichuk) July 3, 2024
Од повредените 11 се пренесени во болница, а двајца се во тешка состојба, рече тој.
Лисак објави фотографии од работниците на итната помош како отстрануваат скршено стакло и го гаснат пожарот.
Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили ја гаѓале областа Днепропетровск со седум проектили и пет беспилотни летала „Шехид“.
Противвоздушната одбрана успеала да собори пет проектили и сите беспилотни летала, се наведува.
Градоначалникот на Днепро, Борис Филатов, прогласи ден на жалост за четврток. Тој рече дека се оштетени две училишта и три градинки.
Фрагменти од проектил паднале врз детската болница, а оштетени се уште две болнички згради. Оштетени се и деловни згради, соопштија властите.
Русија во последните месеци ги засили воздушните напади врз украинските градови.
Москва негира дека цели на цивили, иако илјадници се убиени откако Русија ја почна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.