Македонија
ЕУ очекува промена на Уставот во следните 16 месеци додека трае скринингот
Ниту Владата не знае која ќе биде динамиката за промена на Уставот и внесување на Бугарите и другите заедници. Скринингот ќе трае 16 месеци, а Европската Унија очекува во овој период да се случи процесот на уставни промени.
Прво пратениците ќе одат на летен одмор, па потоа, ќе се отвори дијалог за овие прашања. Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, смета дека е најважно процесот на промена на Уставот да има позитивен исход.
„Немаме утврдено календар и динамика за уставните измени. Треба тоа да го завршиме најдоцна до крајот на скринингот. Треба да видиме како би го отвориле дијалогот. Уставните измени треба да завршат успешно, а не неуспешно. Кога ќе тргне дијалогот во Собранието, ќе го утврдиме ова прашање. Тоа ќе биде по летниот одмор на Собранието, тогаш ќе имаме точен календар. Најважно е тој процес да има позитивен исход“, кажа Маричиќ.
Прашан колку ќе трае скринингот, тој рече: „За Србија и Црна Гора траеше 24 месеци, за нас пократко, бидејќи година и половина поминаа. Би очекувал дека за не повеќе од 16 месеци ќе го завршиме скринингот“.
За уставните измени, власта очекува сериозна расправа и бара да има позитивна атмосфера. Ова е спротивно на ставот на опозицијата која најави дека нема теоретски шанси да се случи промената на Уставот, а дека доказ за тоа се нивните пратеници.
„Најважно е да има позитивна атмосфера, а не онаа слика од минатата недела, кога немаше услови за дијалог и нормална расправа. Сакаме сериозна и јавна расправа. Сметам дека во содржинска смисла, овие уставни измени би биле најлесни од сите до сега. Велам во содржинска смисла, имаме седум заедници во Уставот и треба да додадеме најмалку три. И не гледам зошто некој би имал нешто против тоа“, рече Маричиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

