Спорт
Нов тркачки викенд на Twingo Cup на Гробник со рекорден број возачи
На патеката Гробник крај Риека лани за првпат македонски возач победи во генерален пласман на CEZ, а викендов ќе биде место на уште еден дуел на македонските „мајстори на четири тркала“ кои се дел од Twingo Cup. Со најголем број пријавени возачи, 38 од шест држави, меѓу кои и деветмина Македонци ќе се возат следните две трки од третиот тркачки викенд сезонава.

Во Хрватска викендов ќе дебитира и Бојан Костовски кој првпат седнува во седиштето на Twingo и ќе се обиде да го стигне па дури и да биде подобар од неговиот брат Мартин Костовски, ланскиот вицепрвак во Twingo Cup.
Со двете трки викендов ќе се означи половина од сезоната во која со поддршка на Automotive Group и АКК Реноспорт првпат на вакви трки учествуваат и возачи од Македонија. Покрај деветтемина Македонци кои ќе возат, има и возачи од Словенија, Италија, Србија, Чешка и од Австрија. Покрај за Twingo Cup истите трки ќе се бодуваат и за FIA CEZ првенството, и за националните првенства на Словенија и на Македонија.
За третиот тркачки викенд на Twingo Eurocup, планиран за сабота и недела каде треба да се возат две трки, пријавени се 38 возачи што е најмногу дсосега. Постои можност на стартот да се појави уште едно возило бидејќи тоа е максималниот број на натпреварувачи. Гробник е првата вистинска тркачка патека на просторите на бивша СФРЈ каде од 1978 година се одржуваат најразлични тркачки манифестации. Патеката е долга 4168 метри и има 18 свиоци.

Лани имаше два тркачки викенди на Гробник на кои се возеше Twingo Cup, и четири трки на кои по двапати победија Давид Малинковски и Марко Блажевски. На последната трка на сезоната Марко Блажевски триумфираше и во генерален пласман, а зад него беше Давид Малинковски, што беше најголем успех на македонските возачи во Twingo Cup дотогаш.

Тие двајца и сезонава се вбројуваат меѓу најсериозните кандидати за победи. Со двете победи во Австрија, Марко Блажевски го презеде лидерското место во генерален пласман во првенството на Македонија и води со 55 бода, пред Давид Малинковски кој има 50 бодови и една победа, во Унгарија. Од третото до петтото место се Владимир Тренески (41 бод), Слободан Трајковски (40 бода) и Ангелче Стојковски (38 бода). На четирите трки досега сезонава имаше тројца различни победници во првенството на Македонија: Владимир Тренески, Давид Малинковски и Марко Блажевски.
На Гробник се враќа и Мурис Хамзиќ кој претходно ја прескокна трката во Австрија, а во Унгарија на стартот двапати беше осмопласиран. Младиот Бојан Костовски ќе го вози автомобилот на Ненад Костовски, кој возеше и во претходните две сезони, и по две трки сезонава поради големи обврски реши да се повлече од трките.

Покрај стандардно пријавените возачи од Словенија и до Македонија, кои ги има во најголем број на Гробник ќе се појават и повеќемина натпреварувачи од Италија, Австрија, Србија, Чешка. Во петок изутрина се квалификациите. Првата трка е во сабота наутро од 11,45 часот, додека втората во недела во 17,20 часот.
Ова е трета сезона од Twingo Cup што се бодува за првенството на Македонија, а севкупниот победник како награда ќе го добие електричното возило Renault Twizzy.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона го одбрани трофејот во Суперкупот на Шпанија
Фудбалерите на Барселона го одбранија трофејот во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Џеда, го победија најголемиот ривал Реал со 3:2.
Вечните ривали, одиграа добар меч и покрај тоа што во првите 30 минути, двата тима ги одработуваа тактичките замисли на своите тренери. Во тој период две солидни шанси имаше Реал, преку Винисиус и Гонзало Гарсија. Двајцата лошо шутираа, па на голманот на Барселона, Џоан Гарсија не му беше тешко да ги одбрани нивните удари.
Барселона првата шанса ја имаше во 35-та минута, Рафиња излезе сам пред Курота,но реализицијата на Бразилецот беше ужасна. Една минута подоцна, од многу потешка позиција Рафиња успеа да погоди.
Потоа лудница во петте минути од судиското надополнување на времето. Магичен потег на Винисиус за 1:1, брилијантна асистенција на Педри за Левандовски, чии прием и реализиција беа уште подобри и за крај гол на Гонзало Гарсија за 2.2.
Вториот дел не донесе возбудувања, имаше и еден лош период, кога играчите на двата тима со прекршоци ја сечее играта на противникот.
Моментот на одлука се случи во 730та минута, кога Рафиња со многу среќа втор пат го совлада Куртоа.
И потоа повотрно лудница во судиското надополнување на времето. Де Јонг поради груб старт врз Мбапе доби црвен картон. Рашфорд во 95-та минута имаше шанса да го реши мечот, биеше крај голот.
Во 96-та Карерас од 10 метри, не успеа да изедначи, ударот беше слаб и одеше директно во голманот на Барселона, а во 97-та минута, Раул Асенсио се обиде со глава, но и неговиот удар лесно го скроти Џоан Гарсија.
Foto/ EPA
Спорт
Крај на сезоната за Конор Бредли
Фудбалерот на Ливерпул, Конор Бредли, ја завеши сезоната, по повредата со која се здоби во четвртотокот, против Арсенал (0:0). Дефанзивецот ќе мора да го оперира повреденото колено на левата нога, објави денес шампионот на Англија.
„Бредли заработи повреда на коленото во последните минути од натпреварот од Премиер лигата на гостински терен против Арсенал во четвртокот навечер. Бредли ќе биде опериран во наредните денови, а потоа ќе започне период на рехабилитација. Во оваа фаза од процесот, не е одреден временски рок за негово враќање во игра“, се вели во соопштението на Ливерпул.
Англиските медиуми објавија дека сезоната е завршена за 22-годишниот десен бек.
Потврдата за сериозноста на повредата на Бредли дојде по инцидентот во судиското продолжение. Напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели, го турна дефанзивецот додека тој лежеше повреден на теренот, непосредно пред да биде изнесен на носилки.
На Мартинели му беше покажан жолт картон од судијата Ентони Тејлор, а потегот на бразилскиот крилен напаѓач беше жестоко критикуван од јавноста и предизвика гнев кај играчите на Ливерпул.
Подоцна кога дозна за сериозноста на повредата на ривалот, Мартинели јавно се извини за непримерниот гест.
Спорт
(Видео) Баерн против Волфсбург броеше до осум
Како што се очекуваше, фудбалерите на Баерн го победија тимот на Волфсбург во последниот натпревар од 16-то коло на Бундеслигата. Баварците го декласираа ривалот со 8:1.
Баварците воспоставија контрола од првата минута, имаа многу поголем посед на топката, но гостите од Долна Саксонија беа подеднакво опасни во првото полувреме пред голот на Мануел Нојер.
Баерн поведе многу рано со автогол на Килијан Фишер, но Волците брзо возвратија преку Џенан Пејчиновиќ, талентиран 20-годишен германски фудбалер по потекло од Црна Гора.
По половина час игра, Луис Дијаз, на асистенција на Олисе, повторно го доведе домашниот тим во водство, а во второто полувреме, баварската машина едноставно ги здроби гостите, Мајкл Олисе (двапати), уште еден автогол (Мориц Јенц), Рафаел Гереро, Хари Кејн и Леон Горецка донесоа повеќе од убедлив триумф.
Со оваа победа, Баерн ја зголеми својата предност на табелата, откако второпласираната Борусија Дортмунд освои само бод во Франкфурт против Ајнтрахт во петокот (3:3), додека Баер Леверкузен беше неочекувано убедливо поразен пред своите навивачи против Штутгарт (1:4).
Баварците сега имаат 44 бода, 11 повеќе од тимот од Дортмунд на второто место на табелата.
Foto/ EPA

