Спорт
Алегри: Наша обврска е да ја вратиме титулата во Торино

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, јавно ја постави целта на тимот, а тоа е враќање на титулата во Торино. Минатата сезона беше прва за „бјанконерите“ под водство на Алегри, во која не беа крунисани за шампиони.
Стратегот се врати во клубот минатото лето, откако заврши серијата на Јувентус од девет последовни титули. Последните две сезони тимот заврши на четвртото место во Серија А.
„Јувентус, како и обично, сака да ги постигне своите цели. Летово пристигнаа некои врвни играчи во клубот. Освен тоа, ова е втора сезона за мене, па ќе почнеме со добра база. По првата сезона без трофеј по 10 години, сега имаме должност да го освоиме скудетото“, изјави Алегри пред првата контрола на тимот во САД, против мексиканскиот Чивас во Лас Вегас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хапоел го потврди трансферот на Брајант

Американскиот кошаркар Елајџа Брајант е нова аквизиција на Хапоел Тел Авив, потврди актуелниот шампион на Еврокупот.
Хапоел ја информираше јавноста дека, Брајант црвениот дрес ќе го носи во следните три сезони.
Кошаркарот од сојузната американска држава Џорџија ги помина претходните четири години во Истанбул, во Анадолу Ефес, а во 2022 година го освои елитното европско натпреварување.
Човекот кој има и титулата во НБА лигата во 2021 година, минатата сезона забележа 13,9 поени, 4,2 скока и 3,2 асистенции во Евролигата, со дури 1,2 украдени топки по натпревар.
Според медиумите Брајат годишно ќе заработува 2,8 милиони евра.
Спорт
Зошто Роналдо не беше на погребот на Жота?
Фудбалерот Кристијано Роналдо не беше присутен на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, а неговото отсуство беше предмет на многу коментари.
Се очекуваше легендарниот напаѓач, капитенот на португалската репрезентација и соиграч на Жота во националниот тим, да биде присутен, но тоа не се случи.
Најверојатната верзија за неговото непојавување беше дека не сакал да привлече внимание кон себе и со тоа да ја изгуби смислата на тажното собирање.
Во исто време, сепак, има информации дека Роналдо контактирал со семејството на Жота и им кажал дека сака финансиски да ги поддржи децата на покојниот ас на Ливерпул.
Кристијано, трогнат од трагедијата, вети дека ќе се грижи за образованието на трите деца што ги остави Жота зад себе. Со својата долгогодишна партнерка Рут Кардосо, тој има две ќерки (четири и две години) и син кој има само седум месеци.
Браќата Диого Жота и Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија, а беа погребани во катедралата во Гондомар.
Спорт
Ноер го обвинува Донарума за ужасната повреда на Мусијала: Тој беше спремен да го преземе тој ризик

ПСЖ влезе во полуфиналето на Светското клупско првенство. Парижаните го победија Баерн со 2:0, головите ги постигнаа Дуе и Дембеле. Иако останаа со двајца играчи помалку, шампионите на Европа успеаја да го издржат нападот на Баерн и да се пласираат понатаму. Натпреварот беше засенет од сериозната повреда на Џамал Мусијала на крајот од првото полувреме, кој ја скрши левата нога и сега му претстои долга пауза.
Најстрашниот момент од натпреварот се случи во третата минута од судиското продолжение. Донарума ја зеде топката пред Мусијала, но и падна врз него. Германецот беше сериозно повреден и мораше да го напушти натпреварот, а италијанскиот голман беше во солзи. Голманот и капитен на Баерн, Мануел Ноер, го критикуваше Донарума: „Тоа беше ситуација каде што немаше потреба да се влегува така. Беше преземање ризик. Тој беше спремен да го преземе ризикот да го повреди противникот.“
„Отидов кај него и му реков: „Не сакаш ли да одиш да го видиш нашиот играч?“ Тоа е прашање на почит, да му се приближиш и да му посакаш се најдобро. Дури тогаш тој го направи тоа. Фер-плејот е секогаш дел од тоа. Јас би реагирал поинаку.“