Црна хроника
150 санкционирани возачи во Скопје, 58 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Охриѓанец го нападнал неговото семејство, па почнал да крше по дома
Полицијата соопшти дека против охриѓанец ќе бидат превземени соодвeтни мерки откако тој го нападнал неговото семејство а потоа почнал да крши по дома.
Имено, во СВР Охрид вчеравечер околу 03 часот, било пријавено дека, М.К. од Охрид бил агресивен кон неговото семејство.
Како што соопшти полицијата тој оштетил и дел од куќниот инвентар.
Надлежните информираат дека против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Крадел во угостителски објект во Охрид: уапсен маж од Австралија
Утрово во 06.35 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, лишен од слобода е К.Р.Х. (34) од Австралија.
Тој се сомничи, дека е сторител на кривично дело „Тешка кражба“ извршена во угостителски објект во Охрид.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Се лизнало и паднало од справи за вежбање: 11-годишно момче од Скопје завршило во охридската болница
Вчера во 11.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во Општата болница во Охрид, било донесено 11 годишно момче од Скопје.
Тоа било донесено со болки во стомакот и градите кај кого, по преземени мерки биле констатирани скршеници на ребра и други повреди.
По извршени активности, било констатирано дека, малолетникот се лизнал и паднал од справи за вежбање.