Македонија
Финансиската полиција поднесе претставка до Јовески за преиспитување на претресот што го изврши Русковска
Финансиската полиција поднела претставка до јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески, во која бара да го преиспита постапувањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со кое раководи Вилма Рускоска, по претресот во Управата за финансиска полиција. Директорот на Управата, Арафат Муареми, смета дека претресот од минатиот понеделник кај нив имал суштествени недостатоци, недоследности и нелогичности.
„Поради суштествените недостатоци на наредбата за претрес, начинот на постапувањето при нејзиното спроведување, низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската пракса, како и неоснованоста за примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на ОЈО ГОКК, од страна на Управата за финансиска полиција до јавниот обвинител на Република Северна Македонија поднесена е претставка во согласност со своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај“, соопшти денес Управата.
Претресот во Управата од страна на истражители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал бил извршен по наредба издадена од Основниот кривичен суд Скопје – судија на претходна постапка, а по претходно доставено барање за претрес од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Финансиската полиција им овозможила непречен пристап на истражителите иако сметаат дека содржината на наредбата не ги исполнувала формалните и материјално-суштинските основи за да биде издадена.
„Видно од наредбата, воопшто не е јасно по кои индиции и докази се водел подносителот на барањето за наредба за претрес, а воедно и судијата што таквата наредба ја издал. Наведеното упатува на тоа дека при издавањето на наредбата од страна на судијата на претходна постапка запазена е само формата, но не и суштината за да се издаде наредба за примена на ваква инвазивна мерка, каква што е претресот. Од содржината на наредбата може да се констатира дека таа е воопштена, нејасна и остава простор за слободно толкување, што упатува на тоа дека подносителот на барањето за претрес – ОЈО ГОКК не располага со јасна и конкретна цел каков доказен материјал со примената на ваквата мерка сакал да обезбеди, а со кој само дополнително би го зајакнале основаното сомнение и би го комплетирале веќе обезбедениот доказен материјал за некакво сторено кривично дело“, стои во објаснувањето од Управата.
Директорот Муареми потсетува во кои услови се прави претрес и наведува дека претресот во Управата бил непотребен.
„Според наредбата за претрес, тој се спроведува – цитирам: ‘поради постоење основано сомнение дека е сторено кривично дело… ‘во согласност со член 21 точка 15 од Законот за кривичната постапка, основано сомневање е повисок степен на сомневање заснован врз прибавените докази, кои упатуваат на заклучок дека определено лице сторило кривично дело’, а од друга страна, јавноста е сведок на изјавите на шефицата на ОЈО ГОКК, објавени во медиумите, во кои самата изјавува дека нема осомничени лица, односно дека – цитирам: ‘чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата’. Дополнително, потребата од спроведување на претресот е апсолутно непотребена имајќи предвид дека во согласност со своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал може во кој било момент да ни се обрати и со само едно барање да го добие кој било предмет за кој е заинтересирано и не само предмет, туку и секој документ за кој смета дека е потребен“, објаснува директорот Муареми.
Тој смета дека со претресот е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите вработени во Управата, како и штета на неговиот углед и интегритет како директор, намалена е довербата на граѓаните на Македонија во правосудниот систем и се поткопува правната држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

