Македонија
СВР Охрид со засилени мерки за заштита од пожари
Со цел поголема заштита од шумски и други пожари на отворен простор, СВР Охрид ќе ги зајакне мерките од превентивен, но и од репресивен карактер, за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока вклучени се сите расположливи капацитети и опрема, која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.
Во соработка со територијалната противпожарна единица, ЦУК, ЈП „Национални шуми“, националните паркови, шумската и граничната полиција, АРСМ, органите на локалната самоуправа, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции, ќе се следи состојбата на подрачјето и ќе се преземаат предвидени мерки за заштита, но и навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите други релевантни субјекти за координирано преземање натамошни мерки и навремено локализирање. Предвидени се плански патроли на отворен простор помеѓу полициските службеници и шумската полиција, со цел елиминирање на опасноста од предизвикување пожар, како и надзор во претпријатијата што стопанисуваат со шуми, пасишта и на одговорните лица на кои ќе им се укаже за потребата од зајакната контрола на терен за заштита од пожари и примена на законската регулатива. Предвидена е интензивна соработка со институциите и на регионално ниво за размена на информации во врска со настанати пожари, организирање дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства, со цел преземање заеднички понатамошни мерки.
Посебен акцент е ставен на средби со советодавни групи на граѓани и локални совети за превенција, со приоритетна тема превентивно дејствување за заштита од пожари на отворен простор и практична реализација на концептот „Соработка помеѓу полицијата и заедницата“ за интензивирање мерки за превенција и заштита од пожари, јакнење на свеста за заштита од пожари и информирање на населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

