Македонија
Условни казни за младите луѓе што признаа вина за настаните пред Собранието
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/295572604_590637529178419_6759421871547391837_n.png)
Условни казни добија обвинетите Младен Ристовски, Иван Јосифовски, Славчо Симоновски, Бојан Стефановски, Никола Михаиловски, Виктор Стојков и Штефан Шуман за учество во толпа поради настаните пред Собранието, каде што имаше инциденти. Судијката во едно рочиште ги ислуша и ја изрече пресудата. Таа им посочи дека казната не е блага и опасноста од вакви дела е голема.
„Обвинетите се огласуваат за виновни за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело за што им се изрекува алтернативна мерка – условна осуда. На сите обвинети им се одредува казна затвор од две години и се определува дека нема да се изврши ако обвинетите во наредните четири години не сторат ново кривично дело“, изјави судијката Славица Андреевска.
Судијката додаде: „Секој мора да одговара за она што го направил“.
Сите адвокати на седумте обвинети, кои признаа вина за инцидентите пред Собранието, побараа поблаги казни и условни осуди. Според нив, со ваква пресуда ќе се превенира тие во иднина да не прават други кривични дела. Потенцираа дека станува збор за млади лица, повеќето на 18 и 19 години.
Сите седум обвинети признаа вина, а од судницата излегоа насмеани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Левица: Државата нема средства за младите што ја претставуваат Македонија на меѓународни научни олимпијади
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/FB_IMG_1720076660923.jpg)
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/sdsm4.jpg)
По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ.
„Јавното претпријатие за државни патишта со буџет од над 600 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ му го довери на Коце Трајановски. ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупција која се подготвува во ова претпријатие“, дополнуваат од СДСМ.
Според партијата, ова не е промена туку правец назад.
„ Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи“, завршуваат од СДСМ.
Скопје
Без вода дел од Карпош
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/slavina-cesma-voda-2.jpg)
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека на ул.Ловќенска 33 поради санирање на прикључна цевка од 5/4” водоснабдувањето ке биде прекинато од 08часот се до санирање на истиот , поради што без вода ќе останат корисниците од ул.Ловќенска.(општина Карпош)