Црна хроника
Четири скопски фирми се обиделе да избегнат плаќање увозни давачки за околу 600.000 денари
Во изминатите неколку денови, царинските службеници открија четири обиди за избегнување плаќање царински давачки, со погрешно тарифирање на стока, пријавена за увозно царинење.
Во првиот случај, на царинската испостава Меџитлија, отсек за стоково царинење, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење 24.770 килограми пире од кајсии, декларирано во тарифна ознака за која царинската стапка изнесува 0 проценти а стапката за ДДВ 5 отсто. При физички преглед на стоката, царинските службеници се посомневале дека стоката е правилно распоредена според Царинската тарифа, поради што била земена мостра и истата испратена на проверка во царинската лабораторија, каде било утврдено дека се работи за стока која се распоредува во сосема друга тарифна ознака, за која се пропишани царинска стапка од 30 отсто и стапка за ДДВ од 5 отсто.
Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од 179.705,00 денари.
Во вториот случај, на царинската испостава Скопје 2, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење „видео тјунери сет топ блокови – апарати со микропроцесорски уреди со модем за подршка на интернет телевизија“, со вкупна вредност од 57.228 американски долари, декларирани во тарифна ознака за која царинската стапка изнесува 0 отсто а стапката за ДДВ 18 отсто. При физички преглед на стоката, царинските службеници утврдиле дека пријавената стока се сместува во сосема друга тарифна ознака, за која се пропишани царинска стапка од 5 отсто и стапка за ДДВ од 18 отсто, со што се избегнати увозни давачки во износ од 167.081,00 денари.
Другите два случаи се откриени на царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење, каде една фирма од Скопје пријавила за увозно царинење „сервер HDXC-INSERV3 со вграден софтвер“, со вкупна вредност од 23.323,00 евра, а друга фирма, исто така од Скопје, пријавила за увозно царинење „контролен панел за вертикален гранулатор, тип МТ-316Ѕ“, со вкупна вредност од 5.050,00 евра. Во двата случаи производите биле декларирани во тарифни ознаки со 0 отсто царинска стапка и 5 отсто стапка за ДДВ, но при детална контрола на истите, царинските службеници утврдиле дека се работи за производи кои се сместуваат во сосема други тарифни ознаки, за кои се пропишани, во првиот случај царинска стапка од 0 отсто% и стапка за ДДВ од 18 проценти, а во вториот случај царинска стапка од 15 отсто и стапка за ДДВ од 18 отсто.
Врз основа на новоутврдените тарифни ознаки, пресметани се и доплатени дополнителни увозни давачки, во првиот случај во износ од 143.086,00 денари, а во вториот случај во износ од 101.042,00 денари./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

