Македонија
Колони возила на „Табановце“ и „Богородица“
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини и утрово е зголемен, информираа од Автомотосојузот на Македонија.
На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, а на ГП Богородица за излез од Македонија се чека околу 15 до 30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ги повика граѓаните да гласаат за Гордана Силјановска Давкова и за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Партиите кои се на власт, кои ги разградија институциите, ја криминализираа државата, ги загрозија националните и државните интереси, ги доведоа граѓаните во очај и предизвикаа масовно иселување, треба да одат во опозиција и да одговараат за грабежот и загрозувањето на опстанокот на државата. Во овие сложени состојби кога се одлучува за иднината на Македонија, Ве повикуваме на масовно гласање за промени, за Гордана Силјановска Давкова (2) и за кандидатите за пратеници на Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Број 2), се вели во соопштението.
Македонија
Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца
Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.
Во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.
Возачот – 39-годишен маж од Скопје – починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.
Увидот во несреќата е во тек.
Македонија
Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година
Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден.
„На гости во мојот дом беше другарот Фатмир Битиќи, по повод празникот Велигден, Христово Воскресение. Му посакувам здравје низ целата година“, објави Спасовски на социјалните мрежи.