Спорт
Рома ќе го заокружи преодниот рок со Андреа Белоти
По освојувањето на Конференциската лига на УЕФА, италијанскиот калчолигаш Рома значително се засили за следната сезона. Прва ѕвезда е Пауло Дибала кој е одлично прифатен од фановите, а се очекува уште „капиталец“, Џорџинио Вајналдум од ПСЖ. Но, и тоа не е се.
Според италијанските медиуми, во Рим ќе пристигне уште еден напаѓач. Во прашање е капитен на Торино и италијански репрезентативец, Андреа Белоти.
Неговиот договор со Торино истече и без обештетување ќе потпише за Рома. Се чека Елдор Шомуродов да ја официјализира соработката со Болоња, а потоа Белоти ќе пристигне во Рим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нејмар се враќа во Сантос
Бразилскиот фудбалер Нејмар ќе го напушти Ал Хилал по крајот на сезоната и ќе се врати дома, каде шт ја започна кариерата во Сантос.
Како што пренесуваат медиумите од Бразил, претседателот на Сантос, Освалдо Нико во разговор со нив потврдил дека Нејмар се враќа во татковината.
„Нејмар доаѓа во јуни, ние сме во контакт со него“.
Овој потег би значел враќање на фудбалската ѕвезда во клубот во кој ја започна кариерата уште во 2009 година.
За Сантос одигра 225 натпревари, постигна 136 гола и забележа 64 асистенции. Потоа во 2013 година се пресели во Барселона за 88 милиони евра, а неговиот трансфер ги сруши сите рекорди подоцна, кога четири години подоцна ПСЖ плати за него дури 222 милиони евра.
Тој го напушти Париз во летото 2023 година, кога потпиша за Ал Хилал, кој плати 90 милиони евра за неговиот трансфер и му понуди неверојатна плата од 100 милиони евра годишно.
Сепак, тешката повреда на коленото го оддалечи една година од терените, поради што неодамна се врати на теренот. Тој одигра вкупно шест натпревари на кои постигна еден гол со три асистенции.
Спорт
Родригез сака да го напушти Рајо Ваљекано
Хамес Родригез одигра извонредно на Копа Америка, успеа да ја однесе Колумбија до финалето, па поради тоа одлуката кариерата да ја продолжи во Рајо Ваљекано го изненади фудбалскиот свет.
Родригез, минатото лето одби понуди на клубови кои имаат поголема репутација и поголеми амбции од Рајо Ваљекано. Првите три месеци на „Ваљехас“ покажаа дека направил лош избор.
Родригез ја нема минутажата на која се надеваше, досега на пет натпревари одигра само 123 минути и поради тоа има намера да го напшти клубот во зимскиот преоден рок.
Како што пренесува шпанска „Марка“, прв во редот за неговиот потпис бил Лацио. Родригез минатото лето преговараше со клубот од Рим, но двете страни не постигнаа договор. И покрај тоа клубот од Рим се уште е заинтересиран за неговите услуги.
Покрај Лацио, развојот на ситуацијата меѓу Родригез и Рајо Ваљекано го следат и турските клубови.
Колумбиецот сака да биде стандарден за да си го задржи местото во националниот тим, кој е блиску да избори пласман на Светсото првенство во 2026 година.
Спорт
Ембид истепал новинар на Инквајер
Џоел Ембид физички нападнал новинар по натпреварот помеѓу Филаделфија и Мемфис Гризлис.
Инцидентот се случил во Филаделфија, по убедливиот пораз од домашната екипа, објави НБА инсајдерот Шамс Чаранија и додаде дека НБА веднаш покренала истрага.
Тој изјави дека Ембиид и засега неименуваниот новинар, односно колумнист, прво влегле во вербален конфликт поради текст во кој се споменуваат синот и починатиот брат на камерунски кошаркар.
Наскоро, вербалната прераснала во физичка пресметка, бидејќи Ембиид се нафрли на колумнистот на Инквајер, Маркус Хејс.
Според американските медиуми, Хејс сакал да му се извини на Ембиид за споменатата колумна, но кошаркарот не прифатил. Се додава дека Хејс претходно на социјалните мрежи му се извинил на кошаркарот на Филалделфија, а споменатиот медиум ги отстранил наводите за неговиот покоен брат и син.
Што се однесува до самиот натпревар, Мемфис ја совлада Филаделфија со 127:107, а Ембид не играше поради повреда.Центарот на Сиксерси се уште нема одигра натпревар во новата сезона.
Најдобар актер на натпреварот беше Џерен Џексон со 27 поени и шест скока. Џеј Хаф додаде 20, Џа Морент постигна 18 поени и 12 асистенции, а Скоти Пипен Јуниор имаше 12 поени и 13 асистенции. Дебитантот Зак Иди забележа дабл-дабл од десет поени и десет скока.
На другата страна, Тајрис Макси постигна 23 поени и шест асистенции, додека Џеред Мекејн постигна 19 поени.