Спорт
Младите кошаркари поразени од Израел на ЕП до 18 години во Измир

Младата македонска кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го загуби првиот меч на Европското првенство во Измир. Подобри од избраниците на Тони Симиќ беа Израелците кои славеа со 79:70. Во поголемиот тек од натпреварот Македонија имаше негатива, во еден момент дојде до „минус шест“, но немаше сили за пресврт.
Македонските кошаркари го добија првиот период со 18:15, но потоа Израел направи серија од 8:0 и го срте натпреварот. На одморот Израел замина со предност од 42:36.
И во продолжението од мечот Израел го контролираше резултатот и на крајот заслужено победи.
Теодор Симиќ беше најдобар кај Македонија со 25 поени и 12 скока, додека зад него беа Андреј Шошкиќ со 18 поени и Петар Бошалески со 10 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Mozzart ја пишува спортската приказна – нов терен за идните шампиони во Свети Николе

Свети Николе стана третото светло на мапата на надежта, добивајќи мини пич терен, донација од компанијата Mozzart, во рамки на акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“. Оваа иницијатива не е само за спорт, туку за соништа, за младите кои со топка во нозете го бараат својот пат кон иднината.
Приказната започна покрај езерото во Охрид, продолжи низ срцето на Велес, и сега, со топлина и гордост, завршува во Свети Николе. Но ова не е крај — ова е само почеток на нешто поголемо.
Трите нови терени ќе бидат места каде ќе се раѓаат идните македонски фудбалски ѕвезди, каде детските соништа ќе добиваат крилја, а секој удар по топката ќе носи надеж.
Новиот терен во Свети Николе гордо ќе го носи името на легендата Бобан Бабунски — симбол на македонскиот фудбал и инспирација за генерации.
„Вистинска чест и задоволство ми е што овој терен ќе го носи моето име. Ова е навистина прекрасна акција на Mozzart, преку која се буди љубовта кон спортот и се создаваат нови успешни приказни. Се надевам дека и други компании ќе го следат овој пример“, изјави Бабунски.
Првите кои ја почувствуваа магијата на новиот терен беа младите фудбалери од ФК Овче Поле, кои одиграа натпревар со хуманитарна цел — собраните средства беа наменети за Центарот за социјална работа во Свети Николе. Фудбалот, уште еднаш, покажа дека може да биде мост меѓу срцата.
„Ова е третиот и последен мини пич терен што го отвораме оваа година. Акцијата Фудбалот е повеќе од игра се покажа како многу успешна, и веќе добиваме нови барања. Започнавме од Охрид, продолживме во Велес и завршуваме во Свети Николе — но оваа приказна само што започна. Следната година нè очекуваат нови проекти. Продолжуваме да создаваме можности за младите спортисти“, рече Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Акцијата која започна во Србија, годинава доби своја македонска верзија и со секој нов терен, Mozzart ја потврдува својата посветеност кон спортот, младите и иднината.
ПР
Спорт
Тимоти Веа: Разговарав со татко ми и веднаш решив да потпишам со Марсеј

Американскиот репрезентативец Тимоти Веа изјави дека неговиот сон се остварил со тоа што се приклучил на Олимпик Марсеј, клубот каде што кратко играл и неговиот татко Жорж Веа.
„Ова е мојот дом сега, многу сум горд што сум тука. Сите ја знаат историјата на клубот, навивачите, стадионот. За мене е сон да бидам тука“, рече 25-годишниот Веа на официјалната презентација.
Веа пристигнува во Марсеј како позајмен играч од Јувентус, каде што игра од 2023 година. Според информациите од неколку медиуми, позајмицата е во вредност од еден милион евра, со опција за откуп на договорот за 14 милиони евра.
„Доаѓам во Марсеј со една цел, да освојам трофеј“, рече Веа.
Роден е во Њујорк во 2000 година и пристигна во младинскиот погон на Пари Сен Жермен на 14-годишна возраст. Потпиша професионален договор со ПСЖ во 2017 година, а потоа играше за Селтик и Лил и стана шампион на Франција во 2021 година.
Неговиот татко, Жорж Веа, единствениот африкански освојувач на Златната топка, го носеше дресот на Олимпик Марсеј на почетокот на 2000-тите.
Пред да се приклучи на клубот, Тимоти разговарал со својот татко:
„Ми раскажа за градот, страста на навивачите и клубот. По тој разговор, ми беше јасно – нема друг избор, доаѓам во Марсеј“.
Поради недостаток на тренинзи, Веа нема да игра на последниот пријателски натпревар на Олимпик против Астон Вила, кој ќе се игра во сабота на стадионот „Велодром“.
Спорт
(Видео) Дончиќ има нов автомобил, ѕвер од два милиона евра, што оди над 400 км/ч

Лука Дончиќ, неодамна го продолжи договорот со ЛА Лејкерс, за три сезони ќе добие 165 милиони долари, а потоа и се приклучи на репрезентацијата, на подготовките за Европското првенство кое ќе започне на 27 август.
Дончиќ бил забележан во центарот на Љубљана зад воланот на електричниот хиперавтомобил „Rimac Nevera“. Познато е дека кошаркарот на ЛА Лејкерс и ѕвезда на НБА лигата е голем љубител на автомобили, а во неговата гаража се кријат вистински брзи автомобили, пишува ekipa.svet24.si. Неодамна, бројот на автомобили во таа гаража е зголемен.
На кошаркарот возилото му било доставено пред хотел во центарот на градот. Станува збор за електричен спортски автомобил со неверојатни перформанси од хрватскиот производител „Rimac Automobili“.
„Nevera“ забрзува од 0 до 100 км/ч за неверојатни 1,8 секунди, а достигнува 300 км/ч за нешто повеќе од девет секунди. Максималната брзина на овој хиперавтомобил напојуван од четири електрични мотори со вкупна моќност од 1914 КС е 412 км/ч. Дончиќ возеше впечатлива црвена верзија, чија цена е околу два милиони евра.
Foto/ ekipa.svet24.si