Црна хроника
Петкратно убиство во Албанија
Во селото Сук кај градот Фиер во Албанија во вторникот наутро било извршено петкратно убиство. Според информациите на полицијата 73-годишниот Бајрам Врапи со огнено оружје – ловечка пушка ги убил двајцата негови браќа Џемаил (69) и Бесим Врапи (60), сопругата на Бесим, Дрита Врапи (43) и ќерката на Бесим Мируше Врапи (17) години, а потоа се самоубил.
Полицијата информира дека убиствата биле извршени за само неколку минути , при што двајцата браќа, Бајрам ги убил во близина на куќата, додека пак сопругата и ќерката на Бесим ги убил во куќата.
Според албанските медиуми, масакрот што го направил Бајрам Врапи бил поврзан со неговото несогласување неговата внука Мируше да се вери со лице за кое тој не се согласувал. Но засега станува збор за шпекулации, бидејќи полицијата нема точни сознанија околу причините за петкратното убиство./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

