Црна хроника
Пожар во угостителски објект во Клиничката болница во Тетово

Пожар во угостителски објект во кругот на Клиничката болница во Тетово избувнал изутрината, при што целосно изгорел инвентарот во објектот
Како што јави дописникот на Макфакс, првичните проценки на полицијата се дека штетата изнесува околу 15 илјади евра. Сопственичката тврди дека објектот бил неодамна реновиран и штетата изнесува околу 30 илјади евра.Причините за пожарот и вкупната штета ќе се знае по извештајот на полициските и судските екипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден патник во автобус на ЈСП

Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(57) од Скопје, паднал патникот Љ.Ш.(64) од Скопје.
Според информациите на МВР, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Пожар во барака во Транзитниот центар Табановце

Вчера СВР Куманово било пријавено дека околу 15:45 часот во Транзитен центар Табановце настанал пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи.
Според информациите на МВР, повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Уапсени двајца турски државјани на Деве Баир, на увид приложиле фалсификувани зелени картони за возилата што ги управувале

Вчера вечер, во 20:10 часот и денеска во 00:10 часот по полноќ, на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 46-годишниот Ш.А. и 39-годишниот Џ.К., двајцата од Република Турција.
При гранична проверка и контрола на товарно возило „даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал Ш.А., било констатирано дека меѓународните зелени карти, кои ги дал на увид, биле фалсификувани.
Исто така, при гранична проверка и контрола на товарното возило „рено“ со турски национални ознаки, кое го управувал Џ.К., било констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.