Спорт
Барселона обезбеди 100 милиони евра за да ги регистрира новите засилувања
Барселона ќе може да ги регистрира своите летни засилувања откога обезбеди 100 милиони евра преку продажба на 25 отсто од „Барса студиос“, потврди претседателот на клубот, Жоан Лапорта.
Каталонскиот гигант трошеше најмногу ова лето со последното засилување Жил Кунде од Севилја за 60 милиони евра откако претходно потпишаа договри со Роберт Левандовски од Баерн Минхен и Рафиња од Лидс, а ги добија и Франк Кеси и Андреас Кристенсен како слободни играчи. Барса објави дека продале четвртина од „Барса студиос“, компанија што ги менаџира медиумските креации на клубот на „Социос.цом“, платформа што продава фан-токени и така обезбедува средства за фудбалските клубови и влијание на фановите во одлучувањето на следните чекори на клубот.
„Ако се додадаат овие суми од продажбите, тоа е значителен приход и неопходна домашна работа за да ги регистрираме нашите фудблери. Ние сме оптимисти и правиме што е потребно за регистрирање. Милсам дека иста интерпретација ќе имаат и во Ла Лига“, изјави Лапорта.
Ова не е прв договор во обид за собирање средства на клубот, кој претходно оваа година објави дека има долг од астрономски 1,2 милијарда евра. Тие собраа 267 милиони евра со продажбаата на 10 отсто од ТВ-правата во Ла Лига на глобалната инвестициска компанија „Сикст стрит партнерс“ и дополнителни 15 отсто за да донесат уште 315 милони евра. Со тие средства тие платија 59 милиони евра на Лидс за Рафиња и 50 милиони евра на Баерн за Левандовски.
Се верува дека следен чекор е продажба на 49,9 отсто од „Барса лајсенсинг и мерчендајзинг“ (БЛМ), компанија што ракува со продажбата на дресови и други навивачки реквизити, како и на маркетингот на клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Залевски во Аталанта

Аталанта, влегува во нова ера со хрватскиот тренер Иван Јуриќ, кој го наследи на клупата Џанпјеро Гасперини. Искусниот тренер по 10 години замина од Бергамо, се пресели во Рома.
Аталанта во досегашниот тек од преодниот рок приходуваше 104 милиони евра од продажба на играчи. Клубот може да си дозволи нови играчи, го потпиша напаѓачот на лече, Никола Крстовиќ за 25 милиони евра, а по Црногорецот во клубот пристигна полскиот играч од средниот ред Никола Залевски (23).
Италијанските медиуми објавувија дека полскиот репрезентативец потпишал четиригодишен договор со Аталанта. Трансферот е „тежок“ 17 милиони евра.
Залевски помина низ младинската академија на Рома, а во пролетниот дел од минатата сезона беше позајмен во Интер, кој го откупи неговиот договор за шест и пол милиони евра во јули. Но, по само 50 дена, Интер го продаде на Аталанта.
Залевски има одиграно 29 натпревари за полската репрезентација, постигнал три гола и забележал седум асистенции.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Мурињо доби уште едно засилување

Фудбалерот од Мали, Доргелеш Нене, премина од Салцбург во Фенербахче, објави денес турскиот клуб.
Офанзивниот играч од средниот ред Нене (22) ја започна својата професионална кариера во Салцбург во 2021 година, но играше како позајмен играч во Лиферинг, Рид и Вестерло.
Во сите натпреварувања, тој постигна 22 гола во 87 натпревари за Салцбург.
„Добредојде во нашето семејство, Нене. Нашиот клуб постигна договор со австрискиот клуб Салцбург за траен трансфер на играчот од Мали, Доргелеш Нене. Играчот, кој ги заврши медицинските прегледи, потпиша петгодишен договор. Му посакуваме добредојде на Нене и му посакуваме успех во дресот на нашиот клуб“, објави Фенербахче.
Клубот не објави финансики детали од трансферот.
Foto/ Fenerbahçe SK
Спорт
Најголемото засилување на Парма доживеа тешка повреда

Најголемото засилување на Парма во актуелниот преоден рок, Матија Фриган доживеа тешка повреда поради што ќе отсуствува помеѓу четири и шест месеци.
Хрватот, Матија Фриган (22) пред четири дена о официјализира трансферот во Парма од Вестерло вреден 10 милиони евра.
Фриган заработи повреда на коленото за време на тренингот, а прегледите го потврдија најлошото можно сценарио.
Ги скинал лигаментите на левото колено, што значи дека ќе паузира околу шест месеци.
Фриган потпиша договор со клубот од италијанската Премиер лига до 2030 година.
Фото/ Принтскрин