Спорт
Јунајтед тргнува по Саша Калајџиќ и Бенјамин Шешко

Манчестер јунајтед е заинтересиран за нови засилувања во преодниот рок со напаѓачот на Штутгарт, Саша Калајџиќ, и со Бенјамин Шешко од Ред бул Салцбург како најверојатни цели, тврди „Дејли мејл“.
25-годишниот австриски репрезентативец со српско потекло, Калајџиќ, е џин од 2 метра и е достапен за релативно ниски 17 милиони фунти и би бил опција во нападот доколку Кристијано Роналдо остане со планот да замине од „Олд Трафорд“. За Шешко, кој има само 19 години и е словенечки репрезентативец, заинтересирани се повеќе премиерлигаши, а неговиот агент веќе разговарал со луѓето на Јунајтед, но неговата цена е високи 55 милиони фунти.
Двајцата исто така се алтернатива на првиот избор, Бразилецот Антони од Ајакс, кој засега се покажа како прескапа опција за „ѓаволите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Евертон ги казни грешките на Трипие – Пораз на Њукасл на Гудисон парк

Евертон го декласира Њукасл со 3:0 во 15.коло, во Премиер лигата. Со овој триумф, Евертон и покрај минусот од 10 бода, излезе од опасната зона. Зад него на табелата се Лутон, Барнли и Шефилд јунајтед.
Мечот на Гудисон парк беше решен во последните 10 минути, кога Киран Трипие им овозможи на домашните да постигнат два гола.
Англискиот репрезентативец направи две катастрофални грешки во 79. и 86.минута, кои ги казнија Мекнил и Дукуре.
Точка на натпреварот со првиот гол во Премиер лигата, стави португалскиот напаѓач Бето во 96.минута.
Спорт
Загреб победи во Битола – Пелистер остана на нула во ЛШ

facebook.com/hceurofarmpelister
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се упте се без победа и без освоен бод во Лигата на шампионите. Во 10.коло, Еурофарм Пелистер доживеа пораз од Загреб 22:23 (10:13). Македонскиот шампион заедно со Целје се двата тима кои се без победата.
Пелистер вечерва веројатно ја пропушти последната шанса да запише триумф во Лигата на шампионите, во тоа ги спречи голманот Мандиќ кој со 20 интервенции беше најдобар на теренот.
Загреб имаше предност во текот на целиот натпревар, Пелистер имаше шанса но не ја искорсити. Во 39.минута „зелените“ изедначија на 18:18, но не и да направат пресврт. Загреб врати со два брзи гола и до крајот не го испушти водството.
Најдобри во редовите на Пелистер голманот гебдан со 14 одбрани и Кузмановски со осум гола.
Спорт
Интер му нуди нов договор на Лаутаро Мартинез

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота изјави дека клубот му нуди продолжување на договорот на аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез.
Мартинез (26) во Интер пристигна во 2018 година од Расинг за околу 25 милиони евра. Тој има договор до 30 јуни 2026 година, а оваа сезона има постигнато 15 гола на 19 натпревари во сите натпреварувања.
„Се обидуваме да го продолжиме договорот со Мартинез на уште пет години. Преговараме со Лаутаро, а добро е што тој го има она големо чувство за припадност кон овој клуб, што во модерниот фудбал навистина не е за потценување“, изјави Марота.
Аргентинскиот напаѓач одигра 257 натпревари за Интер и постигна 117 голови. Со клубот освои пет трофеи.
Мартинез за аргентинската репрезентација настапи на 54 натпревари и постигна 21 гол.