Спорт
Фенербахче го потврди пристигнувањето на Алиоски!

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски има нов клуб откако турскиот гигант Фенербахче го потврди неговиот трансфер од саудискиот клуб Ал-Ахли.
Според нивниот официјален твитер-профил, Фенербахче се договорил за заем од Ал-Ахли и поранешниот фубалер на Лидс јунајтед ќе пристигне вечерва во Истанбул за комплетирањето на договорот.
30-годишниот Алиоски произлезе од школата на швајцарскиот Јанг Бојс по што играше во Шафхаузен и Лугано пред во 2017 година да премине во Лидс јунајтед помагајќи славниот клуб да се врати во Премиер лигата со 161 настап и 21 гол за англискиот клуб пред минатото лето да направи трансфер во Саудиска Арабија.
Bilgilendirme
Kulübümüz, Suudi Arabistan’ın Al Ahli takımında forma giyen Ezgjan Alioski’nin kiralık transferi konusunda kulübü ile prensip anlaşmasına varmıştır. Oyuncu görüşmeleri sürdürmek için bu akşam İstanbul’a gelecektir. Kamuoyunun bilgisine sunarız. pic.twitter.com/ahTiQn4DUa
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) August 1, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нагелсман и официјално ја презеде Германија

Јулијан Нагелсман и официјално е селектор на германската репрезентација и ќе ја води на следното Европско првенство следната година.
Младиот стручњак кој има само 36 години последен во март оваа година остана без работа, кога доби отказ во Баерн Минхен.
Интересно е што и сега како и претходно во Минхен, на клупата на германската репрезентација ќе го наследи Ханси Флик.
Германците се домаќини на претстојното ЕУРО 2024, но долго време се мачат, особено откако беа елиминирани во групната фаза на Мундијалот, влегоа во серија лоши резултати.
Нагелсман ќе влезе во историјата како најмладиот селектор на Германија. Своето деби на клупата ќе го има на 14. октомври на пријателскиот натпревар против селекцијата на САД во Конектикат.
Фото/ EPA
Спорт
Винисисус ќе го пропушти градското дерби

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ги очекува големо градско дерби, на „Метрополитено“ ќе му гостуваат на Атлетико Мадрид. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Карло Анчелоти има проблеми во составувањето на тимот.
„Релево“, пишува дека бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор нема да игра поради повредата на грбот.
Тренерот Анчелоти се надеваше дека Бразлецот ќе игра, но како што сега стојат работите покрај дербито, тој ќе го пропушти и натпреварот во среда, против Лас Палмас.
„Мадрилењо“ ќе се игра во недела од 21:00 часот по средноевропско време. Реал оствари максимални пет победи на стартот на сезоната, додека избраниците на Диего Симеоне на четири натпревари освоија седум бода.
Спорт
Едегард доби нов договор и највисока плата во Арсенал

Норвешкиот фудбалер Мартин Едегард го продолжи договорот со Арсенал до 2028 година.
Едегард пристигна во Арсенал од Реал Мадрид за 35.000.000 евра. За „тобџиите“ има одиграно 112 натпревари, постигна 27 голови и забележа 15 асистенции.
Играчот од средниот ред на Арсенал е финансиски награден и со тоа што неговата плата сега ќе биде значително поголема, досега добиваше 120.000 фунти неделно (околу 7.200.000 евра годишно). Едегард би требало да стане најплатен фудбалер на „топчиите“.
Тоа значи дека сега ќе зема поголема плата од Каи Хаверц кој е најплатен во тимот со 20.000.000 евра годишно.