Црна хроника
Лажен хуманитарец мамел стари лица
Повеќе случаи на измама се регистрирани на подрачјето на општините Охрид и Дебарца, во изминативе неколку месеци, соопшти СВР Охрид
Лице лажно се претставувало како претставник на Црвен крст и доаѓало во домовите на претежно повозрасни жители, на кои им покажувало разни документи велејќи дека Црвениот крст имал акција за делење помош во храна, облека и разна покуќнина и дека на списоците морал да го запише нивното име и презиме.Засега непознатиот, објаснувал дека возило од Црвениот крст со брашно, масло за јадење, сувомеснати производи, конзерви, ќебиња и друга покуќнина било на пат односно дека доаѓало и дека за производите требало да се плати однапред по многу ниски цени. Непознатиот барал одредена сума пари која ако граѓаните ја немале во моментот, тогаш тој барал пари колку што имаат во моментот да платат. За добиените пари, тој на оштетените граѓани им издавал каса прими документ и им кажувал да бидат дома да го чекаат возилото за да ја добијат помошта, информираат од СВР Охрид, додавајќи дека се преземаат мерки за пронаоѓање на измамникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

