Регион
Шефот на црногорската гранична полиција поднесе оставка поради Порфирије
Шефот на црногорската гранична полиција Васко Аковиќ поднесе оставка од функцијата, бидејќи српскиот патријарх Порфирије влегол во Црна Гора без контрола и евиденција, пренесуваат црногорските медиуми.
Ова го објави црногорскиот портал ЦдМ, а информацијата ја потврди и претседателот на црногорскиот Хелсиншки комитет, Миодраг Влаховиќ, кој изрази почит кон Аковиќ за таа одлука.
„Регионалниот началник на граничната полиција Васко Аковиќ денеска поднесе оставка од таа функција затоа што патријархот на српската црква Порфирије со целата делегација без никаква контрола и евиденција влезе и излезе од Црна Гора. Голема почит за овој човек“, на Твитер напиша Влаховиќ.
Патријархот Порфирије и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ вчера го потпишаа Основниот договор со кој се уредуваат односите меѓу СПЦ и Црна Гора.
Договорот предизвика огорченост кај партијата на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ДПС, која заедно со неколку политички фракции во локалното собрание поднесе иницијатива за изгласување недоверба на 43-та Влада на Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз прегази малолетник во Загреб
Во понеделникот наутро воз налета на малолетник во околината на Загреб. Според полицијата, околу 8.50 часот тие добиле пријава за настанот, но поради тоа што се работи за малолетник, не соопштуваат повеќе информации.
Како што пренесуваат медиумите, малолетникот починал.
Најверојатно, се работи за несреќен случај, соопшти Јавното обвинителство на Загреб. Според тамошните медиуми, најверојатно се работи за малолетник што тргнал на тренинг.
Поради инцидентот, патничкиот сообраќај според хрватските железници бил во прекин и сообраќајот се одвивал преку помошни транспортни релации.
Регион
Голема полициска акција во Далмација: уапсени неколку лица
Апсења на територијата на Сплитско-далматинската жупанија, јавуваат хрвтаските медиуми.
Според објавеното, акцијата и спроведувањето се резултат на кривична истрага спроведена од Сплитско-далматинската полиција по налог на УСКОК.
„Споменатите дејства се вршат на територијата на Сплитско-далматинската жупанија во врска со повеќе лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против правосудството. По распитот на осомничените, УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување во предметниот случај за што навремено ќе ја информираат јавноста“, додаваат од таму.
За апсењата објави и полицијата, пренесува „Индекс.хр“.
„Полициски службеници на Сплитско-далматинската полиција, Службата за организиран криминал, во координација со Канцеларијата за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК), рано утринава почнаа со реализација на кривична истрага поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело против судството“.
„Истрагата опфаќа неколку лица. Во текот на денот ќе се спроведат итни доказни дејства, а по завршување на истрагата, полициската управа ќе поднесе кривична пријава до Управата за сузбивање корупција и организиран криминал“, соопштија од полицијата.
Регион
Две лица пронајдени мртви во пожар во Грција
Две лица се пронајдени мртви во шумски пожар што беснее неконтролирано во планинска област во централната грчка провинција Коринт, предизвикан од силните ветрови, соопштија грчките власти.
Стотици пожарникари и девет авиони се борат со пожарот што избувна во неделата во близина на крајбрежниот град Ксилокастро на полуостровот Пелопонез, на околу 120 километри западно од Атина. Поради пожарот, неколку села се евакуирани.
Портпаролката на грчката полиција, Константина Димоглиду, рече дека пронајдените тела се изгорени и дека се потребни лабораториски тестови за нивно идентификување.
Грчкото Министерство за цивилна заштита соопшти дека е отворена истрага за случајот.
Грција се соочи со најжешкото лето оваа година по најжешката зима досега, при што големи области добија малку или воопшто немаше дожд.