Црна хроника
На Табановце во автобус запленети 13,3 килограми злато со вредност од над 600.000 евра

При вршење детаљна царинска контрола на автобус на влез во државата, вчера мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа на граничниот премин Табановце откриле и привремено задржале 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра. Запленетото злато е со проценета вредност од над 600.000 евра.
„Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки, кој се движи на редовна линија од Пореч (Р. Хрватска) до Гостивар, заедно со патниците бил упатен на царинскиот терминал на граничниот премин. При прегледот со мобилен скенер се забележани неправилности во покривната конструкција, каде што се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма. Непријавената стока – злато, со вкупна тежина од 13.304 грама, привремено е задржана и предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка.
Дополнително, при личен претрес кај еден од возачите беа пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра за кои е изготвен записник за девизен прекршок“, наведуваат од Царинската управа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.