Спорт
Африканците бараат казна за претседателот на Наполи, Де Лаурентис
Конфедерацијата на африкнски фудбал (ЦАФ) во официјално соопштение изрази шокираност од изјавите на претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, барајќи УЕФА да преземе мерки против Италијанецот по неговите коментари за африканските фудбалери.
Де Лаурентис изјави дека добро ќе размисли кога ќе потпише со нов африкански фудбалер и дека ќе бара прво тие во договорот да се обврзат дека нема да настапуваат на Африканскиот куп на нации, бидејќи „им ги чуваме и воспитуваме фудбалерите, за потоа да ги загубиме“.
„Им кажав, момци, не ми зборувајте за Африканци веќе. Ги сакам, но освен ако не потпишат дека нема да играат на Африканскиот куп на нации, бидејќи никогаш не се достапни. Ние сме идиоти кои им плаќаме високи плати за да играат за други“, изјави Де Лаурентис.
Африканците бараат казна за него.
„Со јавно кажување дека фудбалерите кои ќе потпишат со Наполи мораат да потпишат дека нема да играат на Африканскиот куп на нации, Де Лаурентис ги прекршува правилата на УЕФА. ЦАФ бара итно отварање на дисциплинска постапка против него“, се вели во објавата на ЦАФ.
Де Лаурентис: Наполи ќе размисли дали ќе потпишува со африкански фудбалери
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нема билети за вечерашниот ракометен меч меѓу Македонија и Литванија

Билетите за вечерашниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се распродадени. Во пресрет на натпреварот селекторот на Македонија го објави тимот за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Ќе играат истите играчи кои Талин ја победија Естонија. Голман е биде Мартин Томовски.
Натпреварот почнува во 18 часот.
Спорт
(Видео) Хамбург слави – ХСВ се врати во Бундеслига

Хамбург го слави враќањето на ХСВ во најсилната лига на германскиот фудбал. Седум години по елиминацијата славниот клуб повторно е дел од елитата во која се внедри во голем стил – победа од 6:1 против Улм пред околу 60.000 луѓе на “Фолксарк” стадион.
Тимот од најголемото германско пристаниште остана на прво место, но не го обезбеди. Тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фирт.
Близу до пласман во највисокиот ранг е и Келн, кому му е потребен бод во последните деветдесет минути фудбал за математички да ја обезбеди таа цел.
Десетина илјади навивачи извршија инвазија на теренот во Хамбург откако судијата свирна крај на мечот со Улм.
Спорт
Александар Сорлот даде три гола за 3 минути и 57 секунди и испиша историја на шпанскиот фудбал

Александар Сорлот, напаѓач на Атлетико Мадрид, испиша историја на шпанскиот фудбал. Сорлот постигна четири гола во првите 30 минути од мечот помеѓу Атлетико и Реал Сосиедад.
Првиот гол го постигна во седмата, вториот во десетата, а третиот во 11. минута, со што веќе ги испиша првите страници на историјата на овој натпревар, бидејќи постигна најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига.
Три гола за 3 минути и 57 секунди. Оние кои мислеа дека тоа ќе му биде доволно на 29-годишниот Норвеѓанец, се излажаа. Сорлот постигна гол и во 30. минута од мечот, правејќи нешто што никој никогаш не го направил, со четири гола во првите половина час фудбал.
Не помина ни година од последниот меч во кој овој играч постигна четири гола – тоа беше на 19. мај против Реал Мадрид минатата сезона, во дресот на Вилјареал.