Спорт
Гигс бил обожуван од милиони, но имал и темна страна

Денеска почна судскиот случај против легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед и поранешен селектор на Велс Рајан Гигс за напад на неговата поранешна девојка Кејт Гревил, и англиските таблоиди пренесуваат шокантни тврдења за еден од најдобрите велшки фудбалери во историјата.
48-годишниот Гигс според „Сан“, ја исфрлил Гревил од хотелот „Стафорд Лондон“ додека таа била гола поради расправија откако тој флертувал со други жени. Гигс исто така е обвинет дека ја нападнал 36-годишната Гревил и нејзината помлада сестра Ема во нивниот дом во Ворсли на 1 ноември 2020. Покрај ова, Гигс е обвинет дека ѝ се заканувал на својата поранешна девојка од август 2017 до ноември 2020.
„Тој беше идол на илјадници навивчи. На теренот неговите способности беа прекрасни. Надвор од теренот, неговиот приватен живот беше многу погрд и носеше темна страна, полна со насилство, психолошко и вистинско кон жената која велеше дека ја сака. Ова е приказна за контрола и принуда“, изјави обвинителот Питер Рајт.
Судењето започна во понеделникот и се очекуваа да трае најмалку 10 дена.
Ова не е првпат личниот живот на Гигс да биде предмет на англиските таблоиди, откако во 2011 се откри дека тој имал осумгодишна афера со Наташа Ливер, сопругата на неговиот брат Родри Гигс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.