Спорт
Л’Екип: ПСЖ почна преговори со Маркус Рашфорд!

Пари Сен-Жермен се подготвува за шокантен трансфер на Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, тврди спортскиот весник „Л’Екип“, кој додава дека веќе се почнати преговори со неговите агенти.
Оваа вест доаѓа неколку часа откако тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, на прес-конференција изјави дека Мауро Икарди и Арно Калимуендо можат да бараат нови клубови бидејќи клубот „ќе потпише со нов напаѓач“.
24-годишниот Рашфорд цела кариера е во клубот од своето детство Манчестер јунајтед, и има договор од уште една сезона со опција за уште една. Меѓутоа, неговата форма минатата сезона беше загрижувачка, со само 5 гола во 32 настапи во сите натпреваруваа. Според изворите на „Л’Екип“, Рашфорд бара нов предизвик, но уште нема официјални контакти меѓу двата клуба.
Манчестер јунајтед, пак, тешко дека ќе се реши на продажба на фудбалерот кој има 93 гола во 303 меча за клубот од 2016 година, бидејќи и така имаат недостаток на напаѓачи во тимот, а иднината на Кристијано Роналдо уште е неизвесна.
À la recherche d’un renfort en attaque, le PSG a ciblé l’international anglais Marcus Rashford, sous contrat avec Manchester United jusqu’en 2023 https://t.co/vTlcvBGLQc pic.twitter.com/c000W8suUZ
— L’ÉQUIPE (@lequipe) August 11, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погребан Диого Жота, соиграчите од Ливерпул дојдоа со венци во форма на дресови

Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.
Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната церемонија.
Претставници на Ливерпул беа, меѓу другите, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон.
Едниот носеше букет цвеќе во форма на дрес со број 20 (бројот на Жота), а другиот со број 30 (бројот на Андре Силва).

Тука беа и португалските репрезентативци Бруно Фернандеш, Рубен Дијас, Жоао Феликс, Бернардо Силва, Руи Патрицио, а поранешниот соиграч Жоао Мутињо положи венец во име на Вулверхемптон.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER