Македонија
Алијансата за Албанците: Злоупотребата и партизацијата на институциите од страна на ДУИ ги преминува сите граници

Криминалот, корупцијата, злоупотребата и партизацијата на институциите од страна на ДУИ ги преминува сите граници на срам и деградација, велат од Алијансата за Албанците.
„Успесите на Ансамблот на песни и игри им припаѓаат на албанскиот народ и на сите членови на ансамблот и за ова честитки до сите заслужни.
Но, директорските паради и лижењето на директорот пред нозете на еден лидер на партија е срамно и неподносливо. Ова станува уште посрамно кога се принудуваат членовите на ансамблот да одат во партиски штаб, да му служат на директорот и да се стават во партиската пропагандна агенда“, се потенцира во соопштението од оваа партија.
Фотографиите објавени во седиштето на ДУИ и со претседателот на оваа партија, велат од Алијансата за Албанците, јасно докажуваат кој стои зад сите коруптивни афери, кој ги штити директорите осомничени за злоупотреба на пари и институцијата и зошто ваквите случаи немаат праведен епилог.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Контролираните судии од тефтерчињата на ДПМНЕ се срам за македонското правосудство

Бране Петрушевски, кој не знае ништо друго освен да држи прес-конференции и да глуми опозиција, треба да знае дека сите судии кои денес се дел од судскиот систем се од „тефтерчињата“ на неговите партиски поранешни функционери, реагираат од СДСМ на изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ дека пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово е срамна.
„Петрушевски треба исто така, да ѝ каже на јавноста дека токму ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ, донесе закон со кој се намалија казните. Добро познатиот Михајло Маневски го донесе тој закон. Затоа ВМРО-ДПМНЕ треба да молчи и да не глуми загрижена опозициска партија. За речиси цела година, колку што се на власт, од реформи во судството досега успеаја само да изберат сопруга на нивен градоначалник во Судскиот совет и баџанак на нивниот партнер Изет Меџити за судија. Тоа се реформите на ВМРО-ДПМНЕ во судството“, се вели во реакцијата.
Цела година, велат од СДСМ, Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту една реформа и нема донесено ниеден реформски закон.
„Цела година Петрушевски само држи партиски прес-конференции, се заканува од говорница, а неговата Влада нема реализирано ништо по ова прашање. СДСМ и Филипче се први кои побара реформи во судството и први понудија поддршка за носење реформски закони за европско судство. Очигледно, само Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ немаат интерес за промени, бидејќи им одговара темата за да држат партиски прес-конференции. За крај, Бране Петрушевски треба да одговори: како тоа прво не им одговараше јавниот обвинител и обвинуваа дека бил човек на СДСМ, а сега одеднаш им одговара? Како тоа Мицкоски беседеше и се закануваше дека ќе ги распушти сите судски институции, а потоа се повлече? Затоа, Бране нека одговори конкретно на овие важни прашања и нека сфати дека се на власт и дека пред себе имаат јасна агенда за реформи – која не ја спроведуваат“, пишува во реакцијата.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Срамна пресуда за модуларната болница во Тетово

Судот денеска изрече срамни казни за тогашните директори на Клиничка болница Тетово, а за случајот во кој изгореа 14 лица во Модуларната болница во Тетово. По една година и шест месеци ефективна затворска казна за Флорин Бесими, тогашен директор на Клиничката болница во Тетово и Артан Етеми, економски директор во болницата. Замислете, правното лице Клиничка болница Тетово беше прогласено за виновно да плати околу 16-тина илјади евра, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, ова се ниски, срамни, далеку од правото, посебно од правдата казни за случајот во кој изгореа 14 лица, а се случи во септември 2021 година во Тетово.
По ваква пресуда, рече Петрушевски, ни останува само едно, да ги повикаме надлежните, а воедно и да најавиме до сите вас, итни и неодложни реформи во правосудниот систем.
„Оваа пресуда е класичен пример дека правосудниот систем е под влијание на СДС и ДУИ, поточно да не ги ставаме сите во ист кош, тоа се поединци кои настапуваат по волјата на СДС и ДУИ, а не судат по правните норми. Сега пак, мора да ги повикаме надлежните да пристапат кон постапка за разрешување на оние кои се инволвирани во носењето на оваа срамна пресуда за Модуларната болница во Тетово. Воедно ја повикуваме Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на судијата кој ја донесе оваа срамна пресуда“, рече Петрушевски.
Тој ги повика Филипче и Ахмети да се изјаснат зошто, како што рече, си поигруваат со судбината на граѓаните.
Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи секаков израз на незадоволство од пресудата.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 22 степена

Времето утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.