Регион
Ненад Калуѓеровиќ спречил уште пострашно сценарио на Цетиње, тој е убиецот на Вук Бориловиќ
„Новости“ дознава дека убиецот Вук Бориловиќ, кој вчера изврши незапамтен масакр во Цетиње (Црна Гора) немал криминално минато, а бил вработен како келнер во Националниот парк Ловќен и имал три деца. Бил страствен ловец.
По кавгата што ја имал со потстанарите, според информациите, отишол вооружен со ловечки карабин.
Бориловиќ бил подготвен на уште поголем масакр доколку не бил спречен од соседот Ненад Калуѓеровиќ. Ова го потврди и дежурниот обвинител.
Засега Калуѓеровиќ не е уапсен и се уште не е јасно како се ќе се квалификува неговото дело.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи Црногорците во него заштитник кој не дозволил да се пролее уште крв на улиците во Цетиње.
Инаку, во Клиничкиот центар на Црна Гора се хоспитализирани четири лица, повредени во вчерашната трагедија во Цетиње, од кои едното е во критична состојба и е на интензивна нега.
Како што информираат од КЦЦГ, еден пациент е надвор од животна опасност, како и двајца други пациенти во болницата во Цетиње.
Соопштија дека еден од пациентите во е стабилен, надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за неврохирургија.
„Вториот пациент по приемот е третиран хируршки, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, загрозен му е животот и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега. Третиот пациент има абдоминална повреда. хируршки е третиран орган, главно црн дроб и е под интензивна терапија и мерки за следење, кој исто така е сместен на одделението за интензивна нега.Четвртиот пациент има повреди на вратот, градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така оперативно третирана и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“ – соопштија од КЦЦГ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на аеродромот Гардермоен во Осло
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на „Норвешка Ер“ на аеродромот Гардермоен во Осло, кој требало да полета на летот DI1990 за Сплит во 6.50 часот, а кога не успеал, се заклучил во тоалетот во задниот дел од авионот, објави хрватски Дневник.
Норвешката полиција подоцна го идентификуваше лицето како 23-годишен хрватски државјанин.
Мотивите за овој чин засега не се познати.
Авионот бил полн со патници кои главно патувале во централна Далмација на одмор. Повеќето од нив не забележале дека се случува нешто необично, дури ни оние што седеле напред.
„Авионот веќе полета и додека се движеше кон делот од пистата, наеднаш застана. Првото известување до пилотот било дека има технички проблеми и дека мора да застанат. Полицајците влегле во предниот дел и по краток разговор се упатиле назад каде што се заклучил. Во авионот имало тепачка, сите сакале да видат што се случува, па не било јасно дали полициските сили влегле во тоалетот или патникот сам се предал. Секако, тројца полицајци му ставиле лисици и преку пистата го одвеле до аеродромската зграда“, изјави еден од патниците кој со сопругата патувал за Водице, Хрватска.
Како што подоцна соопшти полицијата, патникот не бил во алкохолизирана состојба или под дејство на други опијати. Засега не е познато кои биле неговите крајни намери.
По завршувањето на сите формалности, новиот лет за Сплит пристигна околу 9 часот.
Компанијата им се извини на сите патници за доцнењето од два часа.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.