Скопје
Средното училиште „Орце Николов“ стана енергетски ефикасно

Зградата на Средното училиште на Град Скопје „Орце Николов“ е целосно реконструирана во насока на зголемување на енергетската ефикасност на објектот, а проектот го реализираа Град Скопје и УНДП.
„ Во ова училиште се заменети сите стари прозорци со енергетско ефикасни, поставен е нов покрив со изолација и исто така е поставена изолација од внатрешна страна на надворешните ѕидови со стиропор со дебелина од 10 сантиметри. Во текот на градежниот зафат е освежена и фасадата, односно се бојадисани само циглите – 506 квадратни метри, а бојадисани се и сите грејни тела во училиштето, на коишто им се инсталирани 163 нови вентили“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.Тој додаде дека со преземањето на овие мерки за енергетска ефикасност се предвидува заштеда на енергија околу 30%, како и подобрување на амбиенталната температура во просториите.Целиот проект чини 3.588.057 денари, а финансиските средства за реализација на овој проект се собрани по пат на кофинансирање на Град Скопје и УНДП, од кои Градот учествува со 2.000.000 денари. „Инаку, Градот има изготвено проекти за реконструкција на фасади со мерки за енергетска ефикасност за сите средни училишта кои се под наша надлежност и во текот на следните години планираме да ги реализираме тие проекти. На ист начин со УНДП, по пат на кофинансирање, извршена е и реконструкција на фасадата во СУГС „Јосип Броз Тито“ и се надеваме дека и во иднина ќе соработуваме со УНДП и ќе реализираме успешни проекти“, истакна градоначалникот Трајановски.Луиза Винтон од УНДП го изрази своето задоволство од одличната соработка со Градот и ги посочи за нив трите главни придобивки од реализацијата на овој проект, а тоа се заштедата на трошоците за греење за 30%, намалувањето на емисиите на штетни гасови и создавањето на попријатни услови за учење и работа на учениците и наставниот кадар во училишниот објект. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски изврши увид во училиштето Димитар Миладинов: Целосно ги реконструираме фискултурната и свечената сала

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи увид во реконструкцијата што се одвива во ООУ „Димитар Миладинов“, каде во тек е целосно обновување на фискултурната сала, свечената сала и меѓупросторот меѓу нив.
Во фискултурната сала се заменува целиот под со нов паркет, се обновуваат ѕидовите и плафонот, се поставуваат енергетски ефикасни светла и се оспособуваат прозорците, додека свечената сала добива целосно нова бина, нови скалила, обновен паркет и подобрени услови за користење, извести Општината.
„Подобрувањето на училиштата останува еден од нашите клучни приоритети. Со реконструкцијата во училиштето „Димитар Миладинов” создаваме современи, безбедни и инспиративни простори во кои децата ќе можат да учат, да спортуваат и да се развиваат. Инвестицијата во нивното образование и здрав развој е инвестиција во иднината на Центар“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Реконструкцијата на Свечената сала, предвидува целосно нова бина и нови скалила, а постоечкиот паркет се струга и лакира. Во тек се молерисувањето на ѕидовите, замената на плафонските светла со штедливи, оспособувањето на прозорците за отворање и отстранување на стара остава со непотребен материјал.
Паралелно, се работи и на меѓупросторот, каде се заменува оштетениот под и се изведуваат молерисувачки зафати, се додава во соопштението од Општината.
Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)