Контакт

Книги

Објавен првиот том на „Македонска книжевна критика и есеистика“ од Стана Атанасовска

Објавено пред

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје деновиве го објави првиот том од публикацијата „Македонска книжевна критика и есеистика“ од авторката Стана Атанасовска.

dobivaj vesti na viber

 

 

Оваа книга е резултат на обемно специјалистичко библиографско истражување со примена на меѓународните стандарди за библиографски опис и има за цел во два тома да опфати релевантни референци за македонската критика и есеистика во последниве три децении.

 

Во првиот том што содржи библиографски информации за периодот од 1983 до 1999 година се опфатени автори кои ги имаат поставено цврстите темели на македонската критика и есеистика и имаат дадено значаен придонес за афирмирање на книжевно-уметничките вредности на делата кои оставиле траен белег во поезијата, прозата и драмата.

 

Покрај имињата на критичарите, есеисти и проучувачи на македонската книжевност како што се Георги Старделов, Милан Ѓурчинов, Александар Спасов, Миодраг Друговац, Слободан Мицковиќ, Душко Наневски, Христо Георгиевски, Данило Коцевски и други, исто така значајно место во македонскиот критичко-есеистички корпус заземаат и критичките согледувања и есеи на истакнатите македонски поети и прозаисти: Блаже Конески, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петар Т. Бошковски, Влада Урошевиќ, Ефтим Клетников, Тодор Чаловски, Веле Смилевски, Раде Силјан, Катица Ќулавкова, Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски и Венко Андоновски како афирматори на книжевните остварувања на македонските автори.

 

Во двата тома кои се предвидени за издавање се опфатени информации за критички и есеистички текстови и од претставниците на помладата генерација автори кои почнале да објавуваат по осамостојувањето на Република Македонија како: Наташа Аврамовска, Лорета Георгиевска-Јаковлева, Весна Мојсова-Чепишевска, Лидија Капушевска-Дракулевска, Владимир Мартиновски, Јовица Тасевски-Етернијан, Виолета Мартиновска и други претставници од сите генерации што воспоставиле критичарски континуитет во македонската критика и есеистика.

 

Оваа публикација покажува дека за македонската книжевност пројавиле интерес и за нејзина афирмација придонеле и познати литературни критичари и универзитетски професори од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Романија и од други држави кои се застапени во овој труд со критики, есеи, студии и монографски дела што се однесуваат на македонската литература, како: Радомир Ивановиќ, Мирољуб Стојановиќ, Думитру М. Јон, Златко Крамариќ и други.

 

„Македонската книжевна критика и есеистика“ е специјална библиографија што опфаќа стотина автори кои со своите студии, критики и есеи ги искажуваат книжевните ставови за вредностите на делата на: Коста Солев Рацин, Блаже Конески, Живко Чинго, Коле Чашуле, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Владо Малевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Радован Павловски, Јован Котески, Стале Попов, Матеја Матевски и др., а истовремено македонските критичари и есеисти му приопштуваат на македонскиот читател да се запознае со културите на другите држави со своите студии за вредностите на делата на: Фредерико Гарсија Лорка, Осип Мандељштам, Џорџ Орвел, Хусто Хорхе Падрон, Ференц Јухас, Данило Киш, Рајнер Марија Рилке, Хуан Рамон Хименез и многу други.

 

Ова обемно дело на Стана Атанасовска содржи предговор од еминентниот македонски поет и критичар, Раде Силјан, опфаќа повеќе илјади референци, проследени се над 300 монографски публикации, прикажани хронолошки со азбучен принцип на подреденост, а со цел да ја олесни работата на сите истражувачи и проучувачи на македонската книжевност, почнувајќи од студентите, магистрантите и докторантите, па сѐ до научните работници, содржи и регистри на автори и изворници на аналитички обработени монографски публикации.

 

Стана Атанасовска е виш библиотекар во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Составувач и редактор е на бројни библиографски изданија (библиографии, прегледи, каталози), како и координатор на значајни проекти кои се реализирани од страна на  оваа врвна институција од областа на библиотекарството во Македонија. Во 2013 година во издание на НУБ „Св. Климент Охридски“ излезе од печат и книгата „Паралели: книжевници во Националната и универзитетска библиотека ’Св. Климент Охридски’ – Скопје“ од Стана Атанасовска. /крај/со/ст

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ23 минути

Скопјанец ранет со пиштол: соседи се испотепале поради недоразбирање во сообраќајот

Утрово околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив...

Македонија2 часа

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија2 часа

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија5 часа

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија5 часа

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет5 часа

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет6 часа

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...

Свет7 часа

Трамп именува наследник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес посочи дека потпретседателот Џ. Д. Венс би можел да биде неговиот најверојатен...

Регион7 часа

Српскиот министер кој доживеа мозочен удар во емисија е свесен, но сè уште е во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по операцијата поради мозочен удар и е свесен, но има...

Топ21 час

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ23 часа

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија23 часа

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија1 ден

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ1 ден

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија1 ден

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија1 ден

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...

Македонија1 ден

Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети автомобили

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на...

Свет1 ден

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули, што е речиси 7 отсто од вкупната...

Култура1 ден

(Видео) Охридско лето со концерт на Ана Дурловски го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија1 ден

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...