Спорт
Невил: Јунајтед лут 10 години, само две засилувања ги оправдаа очекувањата
Манчестер јунајтед минува низ веројатно најтешкиот период во богата историја. Великанот од „Олд Трафорд“ новата сезона ја започна со два порази, со гол разлика 1:6 се наоѓа на последното место во Премиер лигата.
Последната титула во Англија Манчестер јунајтед ја освои во 2013 година, во прошталната сезона на легендарниот Алекс Фергусон. Оттогаш, двапати заврши на второто, еднаш на третото, четвртото, петтото и седмото место, а три пати клубот бил пласиран на шестата позиција.
Лошата селекција на тимот во последната деценија е виновна за кризата што се продлабочува од година во година, смета поранешниот капитен Гери Невил.
„Направивме мало истражување и ги анализиравме сите трансфери на играчи во последните десет години. Тука не ги сметавме трансферите на третите голмани и младинските играчи, потрошени се 1.250.000.000 евра, а само двајца ги оправдаа очекувањата. Бруно Фернандеш малку забави, но поради бројките што ги имаше две години, мора да се каже дека се исплатеше. И Златан Ибрахимовиќ се исплатеше. Ерера, Шо, Матиќ, Мата… Тоа се дискутабилни играчи. Тие се во црвената зона, тие се некаде меѓу, Кристијано Роналдо би бил во зелената зона, но поради сето она што се случува во последниот месец, поради неговата желба да го напушти клубот, ќе го ставиме некаде меѓу“, изјави Невил за „Скај спорт“.
Тој објасни дека играчите биле оценувани врз основа на она што го покажале на теренот, нивниот специфичен ефект во играта, цената за која биле доведени, но и нивното однесување.
„Дури 75 проценти не ги оправдаа очекувањата, 20 се меѓу, а само четири или пет проценти покажаа дека вредат. Тоа е хорор-приказна кога станува збор за регрутирањето. Еден од најголемите проблеми што Јунајтед го има десет години е талкање со тренери и стратегија“.
Иако чувствува дека играчите ги заслужуваат критиките, Невил не мисли дека само тие се виновни.
„Јас, како и многу други, бев доста возбуден кога минатото лето беа донесени Варан, Санчо, Роналдо, пред нив Ди Марија… Сите мислевме дека ќе бидат големи засилувања и разговаравме за тоа. Но, овој клуб стана ‘гробишта за фудбалерите’. Фудбалерите повеќе не сакаат да доаѓаат на ‘Олд Трафорд’, свесни за ситуацијата во која се наоѓа Манчестер јунајтед. Клубот во моментов е како училиште под посебни мерки бидејќи не ги исполни очекувањата, а кога ќе ги исполни, а кога тоа е така не треба да бидат виновни децата“, објасни Невил, посочувајќи дека одговорноста ја имаат клупските челници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

