Македонија
За еден ден поднесени се над 50 барања за проценка на штети од невремето во Неготино
За еден ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети од невремето кое пред два дена го погоди Неготино.
Од општината информираат дека биле предизвикани големи и сериозни штети на објекти, инфраструктура, земјоделски површини.
„Со цел за подетално утврдување на фактичката состојба на терен и настанатите штети, Општина Неготино формираше комисија која со работа почна уште рано утринава и за само 1 ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети. Комисијата продолжува со работа и во наредните денови и сите граѓани можат да поднесат барање за проценка на штети“, соопштија надлежните од општината.
По прибирањето на сите барања, членовите на Комисијата ќе излезат на терен и ќе извршат соодветна проценка на пријавените штети.
Вчера Центарот за управување со кризи информираше дека тринаесет пожарникари со 3 противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Неготино и 6 пожарникари со 2 возила и 2 пумпи за испумпување вода од Кавадарци, биле ангажирани за санирање на штетите по големото невреме кое го погоди Неготино.
Невремето траело 20 минути, а епилогот е паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци, со што причинета е голема штета.
Неготинци коментираат дека вакво невреме на паметат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

