Спорт
Ливерпул влегува во трката за потписот на Де Јонг
Манчестер Јунајтед и Челзи сакаа да го донесат во своите редови, Барселона се обидува да се ослободи од него, но тој се уште е во Каталонија и стартуваше во победата против Реал Сосиедад во неделата. Сега наводно го сака и Ливерпул. Продолжува сагата со Френки Де Јонг?
Барселона и Манчестер Јунајтед се договорија, но Де Јонг одби да се пресели на „Олд Трафорд“. Понудата на Челси беше слична со онаа на Јунајтед, но Де Јонг повторно се огласи со зборовите дека ќе остане во Барселона.
Интерес за Холанѓанецот сега покажа Ливерпул. Понудата е вредна околу 63 милиони евра, а бонусите би можеле да ја зголемат за дополнителни осум милиони, пренесува порталот „Goal.com“.
Ливерпул очајно ја стартуваше сезоната, има само два бода од три кола во Премиер лигата и она што на сите им е јасно е дека на тимот му треба освежување, особено во средниот ред.
Тиаго Алкантара е склон на повреди, Хендерсон не во форма, Милнер е стар, Елиот е премлад и „зелен“, па Де Јонг навистина би бил идеалното решение за Јирген Клоп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флорентино Перез се повлекува од Реал
Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се пензионира пред крајот на својот мандат.
Долгогодишниот прв човек на Реал Мадрид планира да ја напушти својата функција во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, објавува новинарот Пепе Алварез.
Како што е наведено, 78-годишниот Перес сака уредена и планска транзиција на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдумот или не.
Перес стана претседател на Реал за прв пат во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година се уште трае.
За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб Реал Мадрид беше прв во Европа седум пати, победник на Суперкупот исто толку пати, со пет трофеи од Ла Лига и три Купа на кралот.
Во тој период, кошаркарите освоија седум титули во АЦБ лигата, три Евролиги и седум Купа на Кралот.
Перез е синоним за модернизација на Реал – не само на теренот, туку и преку проекти како што се реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и глобалната експанзија на брендот.
Засега не е познато кој би можел да го наследи.
Спорт
(Видео) Меси и Лаутаро за рутинска победа на Аргентина во Ангола
Аргентинската фудбалска репрезентација ја победи Ангола со 2:0, како гостин, во пријателски натпревар одигран на стадионот „11 Ноември“ во Луанда.
Централна фигура на натпреварот беше Лео Меси, кој беше пречекан од домашните навивачи како божество или барем како национален херој.
Меси се најде во почетниот состав диктиран од неговиот имењак Скалони, како и повеќето од најдобрите играчи на Аргентина, па публиката можеше да ги види светските шампиони во акција во речиси најсилниот состав.
Меси и Лаутаро беа главни протагонисти во триумфот, со по асистенција и гол.
Гостите поведоа во 43-та минута кога Меси го проигра Лаутаро, кој со удар од првиот допир ја погоди мрежата на Ангола.
Во продолжението, Аргентинците ја контролираа ситуацијата на теренот, а победата ја запечатија во 82-та минута кога Мартинез му се реваншира на Меси, несебично го проигра, а тој рутински го дуплираше водството на „гаучосите“.
Меси го постигна 895-от гол во кариерата.
LIONEL MESSI SCORES !!!!!!!!!!!!!!!!!!
THE BEST PLAYER IN THE WORLD, THE BEST PLAYER EVER !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
HE CAN DO IT EVEN AGAINST ANGOLA, MESSI CAN SCORE AGAINST ANYONE !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
pic.twitter.com/86NAauoXX8— TheScreenshotLad (@thescreenlad) November 14, 2025
Пред натпреварот, славниот Аргентинец доби посебен подарок од претседателот на Ангола по повод педесетгодишнината од независноста на оваа африканска земја од Португалија, а централниот дел од прославата беше токму натпреварот против светските шампиони.
Аргентина од овој натпревар заработи 12 милиони евра.
🚨The President of Angola presented a special award to Leo Messi to celebrate the 50th Independence anniversary of the country.
Messi is a symbol of unity⚽️❤️🐐 He unites all with his greatness
— 𝐂𝐀 𝐕𝐀?🐐🐐 (@psg_chief) November 14, 2025
Спорт
Шок во Хелсинки – Финска загуби од Малта
Фудбалската репрезентација на Малта направи првокласно изненадување и ја победи Финска како гостин во натпреварот од деветтото коло од Групата Г од европските квалификации за Светското првенство во 2026 година.
Со овој пораз, Финците ги загубија сите шанси за пласман на Светското првенство следната година.
Натпреварот на Олимпискиот стадион во Хелсинки заврши со резултат 0:1 (0:0).
Стрелец на единствениот гол беше Џејк Греч во 81-та минута. Ова е прва победа за малата Малта во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Уште пред овој натпревар, Финска беше во тешка позиција во борбата за пласман на Светското првенство, а сега дефинитивно ги загуби сите шанси.
Остана на третото место во групата со десет бода, три помалку од второпласираната Полска и шест помалку од водечката Холандија, но и двете имаат уште два натпревари до крајот на квалификациите.

