Топ
Маж од Битолско се обидел да го убие татка си
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Ј.А. (33) од с. Барешани, Битолско, поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 и „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.
На 25.08.2022 околу 09.00 часот во семејната куќа во с. Барешани, пријавениот со остар предмет му нанел повреда на неговиот татко Ѓ.А. (58), по што му одзел пари.
Набргу потоа, Ј.А. бил пронајден и лишен од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица
Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет лица беа примени во болница во Тузла во текот на вечерта.
Пожарот се проширил на седмиот кат од зградата каде што биле сместени лицата со попреченост во Домот за стари лица, пренесува Кликс.
Според неофицијални информации, жртвите најверојатно починале од задушување.
Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека сите расположиви екипи се испратени на местото на настанот. Пожарникарите сè уште го гаснат пожарот. Тој беше локализиран околу 22 часот, потврди Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон.
Лекарите ги лекуваат повредените. Меѓу примените во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, повеќето се оние кои биле отруени со јаглерод моноксид.
Амбулантни возила постојано пристигнуваа во болницата.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
Пожарот избувнал на еден од катовите што се наоѓа на горниот дел од зградата, што го отежнало гаснењето на пожарот.
Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла ги предупреди граѓаните да не се приближуваат до зградата, да дозволат премин и работа на екипите за итни случаи и да ги следат упатствата на полициските службеници на терен.
Пожарникарите од Јавната противпожарна служба на Тузла се на местото на настанот, а повикани се и екипи од Сребреник, Живинице, Лукавац и Калесија. Испратени се и служби за итни случаи од неколку општини во кантонот Тузла.
фото: принтскрин
Топ
Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството
Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Од ударот две лица го загубиле животот, меѓу кои и возачот на едното возило, додека петмина се здобиле со повреди и биле пренесени во болниците во Прилеп и Кавадарци.
Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот, како и за сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобили со цел утврдување на причините за несреќата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други супстанции.
Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
Топ
Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени
Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Во незгодата повредени се пет лица, од кои три се пренесени во болницата во Прилеп, а две во болницата во Кавадарци. Лекар констатирал смрт кај две лица, соопшти МВР.
Од 18 часот сообраќајот на овој потег се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.
Полицијата врши увид, по чие завршување јавноста ќе биде дополнително информирана за деталите од несреќата.

