Црна хроника
Полицајци и војници бркале криумчар на мигранти, бегајќи излетал од патот, има повредени
На автопатот Пријателство вчера се одвивала вистинска брканица. Полицајци и војници бркале велешанец кој со возило „крајслер“ пренесувал 16 мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници.
М.Б.(34) бил фатен во селото Ваксинце, општина Липково.
Претходно, на автопатот Пријателство, кај село Костурник, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и припадници на АРСМ и продолжил кон село Ваксинце. Во селото тој изгубил контрола и удрил во брег до патот, по што се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, при излетувањето на возилото од патот, четири лица мигранти се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во болницата во Куманово.
Со повреда, исто така, се здобил и припадник на АРСМ при преземање мерки, по што и на него му била укажана помош во болницата во Куманово. Мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар во Табановце, а М.Б. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при преглед пронајдена дрога
Вчера околу 21:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е преглед на 38-годишниот Ф.Ш. од Скопје при што пронајдена е марихуана.
Ф.Ш. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Топ
Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството
Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Од ударот две лица го загубиле животот, меѓу кои и возачот на едното возило, додека петмина се здобиле со повреди и биле пренесени во болниците во Прилеп и Кавадарци.
Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот, како и за сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобили со цел утврдување на причините за несреќата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други супстанции.
Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
Црна хроника
Двајца турски државјани уапсени на скопскиот аеродром со фалсификувани визи
Денеска околу 10 часот на скопскиот аеродром, полицијата ги приведе Г.М. и К.М., двајцата државјани на Република Турција.
При излез од државата, при извршена гранична контрола, било утврдено дека визите за Обединетото Кралство што ги приложиле биле фалсификувани.
Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

