Црна хроника
Скопјанец беснеел во банка: Им се заканувал на вработените и го искршил инвертарот
Скопјанец се заканувал на вработени во банка и го ускршил инвертарот, откако не му било дозволено без лична карта да си ја подигне дебитната картичка.
Според информациите, К.И.(28) вчера околу 15.00 часот, влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит Пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката.
Од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Краделе тутун од фолии и сушници во Василево и Босилово, направиле штета од 500.000 денари
Полицијата уапси три лица за кражба на тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово со што направиле штета од 505.000 денари.
Според информациите од МВР, СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека во периодот од 06.08.2025 до 15.10.2025 од фолии и сушари, сопственост на жители на неколку населени места од општините Василево и Босилово, одзеле сув тутун. На тој начин тие им нанеле штета од 505.000 денари.
Црна хроника
Уапсен 46-годишен скопјанец за обљуба врз малолетната поќерка
Четириесет и шестгодишен скопјанец е уапсен под сомнение за обљуба врз неговата малолетна поќерка.
Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повредено 12-годишно дете во автобус на ЈСП
Дванаесетгодишно дете се здобило со тешки повреди во автобус на ЈСП откако возачот закочил нагло.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од село Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возела во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

