Спорт
Сефте за Лајпциг, гостински победи за Дортмунд и Леверкузен, Берлин го прегази Шалке
Денеска од 15 часот и 30 минути се одиграа пет натпревари од четвртото коло во германската Бундес лига.
Борусија Дортмунд се врати на победничките патеки и по шокантниот пораз од Вердер Бремен ја победи Херта во Берлин со 1:0. Играчите кои ова лето од Келн се пресели во Дортмунд, Модесте и Озџан ја режираа победата на „милионерите“.
Модесте го постигна единствениот гол во 32.минута на асистенција на Озџан.
Лајпциг против Волфсбург ја забележа првата победа во сезоната. Двата гола за Лајпциг ги постигна Кристофер Нкунку првиот од пенал во петтата минута, а потоа и во 90.минута.
Баер Леверкузен беше убедлив во Мајнц, каде беше 3:0 за гостите и покрај тоа што „фармацевтите“ го завршија мечот со двајца играчи помалку, бидејќи Хинкапи беше исклучен во 77. минута, а Бејкер во последната минута.
Се беше готово по првите 45 минути, Паласиос го отвори резултатот во 29. минута, по што следеше канонадата на Џереми Фримпонг со два гола во 39. и 41. минута.
Унион од Берлин му нанесе тежок пораз на Шалке во Гелзенкирхен, каде на крајот беше 6:1 за клубот од главниот град.
Хофенхајм на домашен терен со минимален резултат го совлада Аугсбург, стрелец на единствениот гол беше Гајгер во 39. минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Анчелоти: Го изгубивме интересот за Лигата на шампионите
Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал. Елитното натпреварување го освои со Милан и Реал Мадрид. Од минатото лето тој е селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.
Во разговор со италијанските медиуми, тој беше доста остар кон челниците на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, смета дека проширувањето на Лигата на шампионите влијаело на недостатокот на квалитет во самото натпреварување.
„Гледајќи ја другата страна од светот, Лигата на шампионите секогаш ги има истите фаворити. Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн. Во овие први неколку кола видовме натпревари со големи маргини. Сензационалните резултати нè натераа да го изгубиме интересот“, рече Дон Карло.
Впечаток е дека Анчелоти смета дека европскиот фудбал се движи кон профитот, а не кон квалитетот.
„Оваа прва фаза беше продолжена за да се гледа поинтересен фудбал, но не е баш така, испадна поинаку. Мораме да го прифатиме тоа“, рече Анчелоти.
Спорт
Не оди без Харден и Ленард – ЛА Клиперс поразени во Феникс
Феникс Санс забележаа победа над ЛА Клиперс 115:112, во единствениот натпревар одигран изминатата ноќ во НБА лигата.
Клиперси добро се држеа во текот на целото прво полувреме, во кое се играше „кош за кош“, но нивната игра се распадна во третиот период.
Играчите на Феникс ја добија третата четвртина со 40:23 и со тоа повеќе или помалку го решија прашањето за победникот, бидејќи имаа +14 кога влегуваа во последната четвртина, а +22 не долго потоа.
Најдобар од победниците беше Девин Букер со 24 поени, шест скока и седум асистенции, а повратникот Џејлен Грин беше одличен со 29 поени.
На другата страна, најмногу се истакна хрватскиот центар Ивица Зубац со 23 поени и 11 скока. Кам Кристи постигна 17, а Џон Колинс 13 поени, а Богдан Богдановиќ 12 поени. За Клиперс не играа двајцата најдобри Харден и Ленард.
Спорт
Натпревар со играчи од 69 различни земји
Светската фудбалска федерација (ФИФА) излезе со оригинална идеја да постави нов Гинисов рекорд, организираше фудбалски натпревар со најголем број играчи од различни националности!
Настанот беше организиран во среда во Мароко во спортскиот комплекс „Фудбалски комплекс Мохамед VI“, во близина на градот Сале, веднаш до Рабат.
ФИФА ги ангажираше своите вработени за потребите на овој рекорд, точно 69 од нив од исто толку различни земји.
И мажи и жени беа на теренот.
Затоа, секој учесник од 69 земји мораше да помине на теренот и да игра најмалку 10 минути за да биде официјално признаен рекордот. Натпреварот беше симболичен настан што ја слави различноста и обединувачкиот дух на фудбалот.
„Фудбалот е спорт што им припаѓа на сите, без оглед на границите и пасошите“, рекоа учесниците на овој необичен настан.
Претходниот рекорд го држеше британската организација „Equal Playing Field“ во 2019 година, со играчи од 53 различни националности.
Настанот се одржа недалеку од Рабат каде што ФИФА основа нов регионален центар, со оглед на тоа што Мароко, заедно со Шпанија и Португалија, ќе бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година.
Фото/ Принтскрин

