Топ
Загина мотоциклист од кочанско на патот кон манастирот Богородица

Со мотор загина 67-годишен маж од кочанското село Чифлик.
Според информациите, утрово во 05,30 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот од с.Чифлик кон манастир „Св.Богородица“ моторцикл „томос“, управуван од Б.С.(67) од с.Чифлик, кочанско излетал надвор од патот. Во несреќата на место на настанот починал Б.С.
Од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен скок на цената на нафтата на светските пазари

По две недели пад, цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето трговски договори од страна на САД со некои од нивните најважни трговски партнери, и ќе се покачеа уште повеќе доколку ОПЕК+ не ги зголеми своите производствени квоти.
Цената на барел на лондонскиот пазар скокна за 6 проценти минатата недела, на 69,67 долари, а на американскиот пазар за 6,3 проценти, на 67,33 долари.
Трговците со нафта поголемиот дел од неделата беа фокусирани на потенцијалното влијание на американските тарифи, при што повисоките тарифи за американските трговски партнери најчесто треба да стапат на сила следниот петок.
Трамп, всушност, потпиша извршна наредба во четвртокот со која се наметнуваат тарифи во опсег од 10 до 41 процент за увозот од САД од десетици земји и странски територии кои не успеаја да постигнат трговски договори до неговиот рок на 1 август, вклучувајќи ги Канада, Индија и Тајван. Партнерите кои успеаја да обезбедат трговски договори се Европската Унија, Јужна Кореја, Јапонија и Велика Британија.
Цените беа поддржани и минатата недела од заканите на Трамп за воведување царини од 100 проценти за купувачите на руска сурова нафта во обид да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната во Украина. Тоа предизвика загриженост за потенцијални нарушувања на трговските текови со нафта и отстранување на дел од нафтата од пазарот.
Во четврток, аналитичарите на JP Morgan рекоа дека заканите на Трамп да ги казни Кина и Индија за купување руска нафта потенцијално загрозуваат 2,75 милиони барели дневно (bpd) од извозот на руска нафта по море. Кина и Индија се втор и трет најголем потрошувач на сурова нафта во светот.
Македонија
Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а 17 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни пожари: 4
1. Општина Чашка: над Богомила (мешана шума)
2. Општина Липково: помеѓу с. Ваксинце – с. Слупчане (нискостеблеста шума)
3. Општина Студеничани: с. Дречавица (шумски пожар во планина)
4. Општина Македонски Брод: с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
Пожари под контрола: 2
1. Општина Долнени: с. Стровија, зад место викано Гајдарец – Клепало (нискостеблеста шума)
2. Општина Желино: с. Церово (мешана шума)
Изгаснати пожари: 17
1. Општина Берово: Планина Готен кон Малешевските планини (бор, бука, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Брвеница: с. Милетино (запалени ниви)
3. Општина Струмица: с. Доброшинци (депонија)
4. Општина Гевгелија: с. Прдејци (ниска вегетација)
5. Општина Куманово: Стара Циглана (ниска вегетација)
6. Општина Крушево: Градски гробишта Игумења (ниска вегетација)
7. Општина Долнени: с. Дебреште (депонија и ниска вегетација)
8. Општина Струга: помеѓу с. Долна Белица – с. Велешта (ниска вегетација)
9. Општина Студеничани: мостот на Маркова Река (ниска вегетација)
10. Општина Сарај: (сува трева и ѓубре)
11. Општина Сарај: с. Рашче (мешана шума)
12. Општина Сарај: с. Буковиќ (нискостеблеста вегетација)
13. Општина Арачиново: до Обиколница (ниска вегетација)
14. Општина Кисела Вода: с. Горно Лисиче (ниска вегетација)
15. Општина Чучер Сандево: Качанички пат (ниска вегетација)
16. Општина Прилеп: с. Алинци (депонија)
17. Општина Прилеп: позади маркет „Стибера“ (ниска вегетација)
18. Општина Студеничани: на стариот пат за с. Батинци (ниска вегетација и ѓубре)
————————
Свет
Трамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби в среда или в четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции кон Русија ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок.
„Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во нивно избегнување. Тие се лукави ликови и се доста добри во избегнувањето санкции, па ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп во разговор со новинарите, објави „Ројтерс“.
Претходно, Трамп изјави дека наредил распоредување две нуклеарни подморници во она што ги нарече „соодветни региони“ како одговор на „глупавите и провокативни“ нуклеарни закани од поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев.
Фото: ЕПА