Спорт
Најдобриот шахист во светот: Во Реал секогаш ме тераа да кажам дека најдобар е Роналдо

Актуелниот светски првак во шах, Магнус Карлсен (31) е голем љубител на фудбалот, тој е навивач на Реал Мадрид. Сепак, во подкастот на Лекс Фридман, тој изненади со одговорот на прашањето кој според него е најдобриот фудбалер на сите времиња.
„Мислам дека е тешко да се спореди некој со Лионел Меси и покрај претпоставката дека како навивач на Реал Мадрид би го претпочитал Кристијано Роналдо. Секогаш ми се допаѓал Роналдо како фудбалер, но секогаш мислев дека Меси е подобар“, рече тој.
Тој објасни и зошто порано зборувал поинаку.
„Гледав голем број натпревари во Мадрид во изминатите години и тие секогаш прекрсано се однесуваа. Единственото нешто што ме нервираше беше тоа што кога ќе дадам интервју за клупската веб-страница секогаш морав да го спомнувам Роналдо“, вели еден. од најдобрите шахисти на сите времиња и додаде:
„Кога ќе ме прашаа кој според мене е најдобар играч, морав да кажам Роналдо. Кога ќе спомнев некој друг, на пример Иско, тие ќе го прекинеа интервјуто со зборовите: „Добро, втор обид, сега кажи Роналдо“.Им беше многу важно да создадат таква слика околу Роналдо, но јас не гледав така“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крсте Велкоски се врати во Сараево

Фудбалскиот клуб Сараево денес потврди дека Крсте Велкоски се вратил во клубот како технички директор.
Македонецот го носеше дресот на Сараево во два наврати, а го напушти Кошево во летото 2022 година кога се врати во Македонија.
Прво играше за Работнички, а потоа и за Македонија.
„Во својата нова улога како технички директор, Крсте ќе биде клучната врска помеѓу спортскиот директор, стручниот штаб на првиот тим и Академијата на ФК Сараево. Неговата задача ќе биде стратешки да ги поврзе сите сегменти од спортскиот развој на клубот, од младинските селекции до сениорскиот тим, со цел да се изгради јасна, препознатлива и долгорочно одржлива спортска филозофија“, објавија од Сараево и додадоа.
„Исто така, Велкоски ќе биде задолжен за соработка со играчите кои доаѓаат во ФК Сараево, со цел да им помогне да се адаптираат и да го разберат клубот и заедницата во која доаѓаат. Како човек кој изградил длабоки врски со ФК Сараево и неговите навивачи, Велкоски е пример за сите идни играчи.“
Велкоски првпат пристигна во Сараево на почетокот на 2014 година од Работнички. Две години подоцна замина во Јужна Кореја во Инчеон Јунајтед.
Се врати во „Кошево“ во летото 2017 година и остана следните пет години.
Во дресот на Сараево, овој 37-годишник одигра вкупно 236 натпревари во кои постигна 64 гола и додаде 43 асистенции. Со Сараево, тој три пати беше шампион на Босна и Херцеговина, а освои и три трофеи во Купот на Босна и Херцеговина.
Фото/ facebook.com/FudbalskiklubSarajevo
Спорт
Хорхе Мартин се врати на патеката

Актуелниот шампион во кралската класа, Хорхе Мартин, се врати на патеката по 81-дневна пауза. Шпанецот тестираше на патеката „Каталуња“ на супербајк мотоцикл.
Возачот на Априлија возеше само на една трка оваа сезона во Катар, каде што се здоби со фрактура на 11 ребра, што доведе до пневмоторакс, а претходно пропушти три трки поради фрактури на двете раце и едната нога.
Тестирањето во Монтмел е само првиот чекор за Мартин кон вистинско враќање на патеката, бидејќи неговите повреди сè уште не се целосно заздравени.
Медицинските прегледи дефинитивно ја исклучија можноста да вози следната недела на Големата награда на Германија, додека трката во Брно една недела подоцна во моментов е опција.
Следните прегледи што ќе ги има бранителот на титулата се закажани за следната недела.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Германија, на „Заксенринг“, од 11 до 13 јули.
Foto/ EPA-EFE/FAZRY ISMAIL
Спорт
Валанчунас ја прифати понудата од Панатинаикос

Литванскиот центар Јонас Валанчунас (33) во текот на денот ќе пристигне во Атина за да го финализира својот трансфер во Панатинаикос.
Кошаркарската јавност е во шок по одлуката на Валанчунас предвреме да ја напушти НБА лигата и да потпише договор со „зелените“ од Атина.
Како што објави „Баскетњуз“, Валанчунас доаѓа во Атина за да ги заврши лекарските прегледи и да финализира сè што е поврзано со неговиот трансфер во ПАО.
Тој се договори со Димитрис Јанакопулос да игра за Панатинаикос во следните три сезони и во тој период да инкасира 12 милиони евра.
Валанчунас е под договор со Денвер кој е „тежок“ 10,4 милиони долари и според сè, тие ќе го раскинат на нивна штета. Сепак со овој потег Денвер ќе отвори простор во „селери капот“.
Како и да е, ова е најголемата „бомба“ во Евролигата во летниот преоден рок во 2025 година.
Foto/ EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG