Македонија
Петмина починати и 185 заразени со коронавирус
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 892 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 96, Битола – 13, Берово – 8, Кавадарци – 7, Делчево – 6, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип – по 5, Прилеп, Охрид и Кичево – по 4, Кочани , Ресен, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Велес и Гевгелија – по 2, Струмица, Неготино, Валандово, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (185), регистрирани се 55 реинфекции.
Регистрирани сe 307 оздравени пациенти од: Скопје – 157, Куманово – 21, Битола – 20, Велес – 15 , Делчево – 13, Прилеп – 11,Тетово – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Берово и Кавадарци – по 5, Гостивар, Штип, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 4,Богданци – 3, Кичево, Ресен, Струмица, Дебар и Крушево – по 2, Струга, Радовиш и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (74г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 лица, по едно лице од Битола, Ресен, Радовиш и Охрид, починати во период од 03.08.2022 до 25.08.2022 година. Починаите се на возраст од 73 – 82 години. Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови.
Направени се 892 тестови: ИЈЗ-85, ЦЈЗ Скопје-89, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-19, ЦЈЗ Куманово-23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–48, Жан Митрев (Филип Втори)-10, Авицена-39, Биотек-17, Систина-25, лабораторија Лаор-3, Синлаб-9, Ремедика-2, Плодност-5, Генеа-3, Никоб лаб-19, ВФВ Медикал-3, Ели медика плус-0, Ројал медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 431.
Досега во земјата се направени вкупно 2.152.786 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.695, бројот на оздравени пациенти е 329.741, на починати е 9.495, а бројот на активни случаи изнесува 1.459
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 160163, Активни 701
Куманово 18107, Активни 51
Битола 17788, Активни 124
Прилеп 15388, Активни 65
Тетово 14417, Активни 43
Кавадарци 11986, Активни 45
Велес 10725, Активни 30
Гостивар 10260, Активни 23
Охрид 10253, Активни 75
Струмица 8758, Активни 19
Штип 8706, Активни 28
Кичево 6051, Активни 18
Кочани 5523, Активни 30
Струга 5164, Активни 18
Гевгелија 4848, Активни 11
Неготино 4118, Активни 14
Ресен 3005, Активни 12
Радовиш 2824, Активни 13
Свети Николе 2787, Активни 9
Крива Паланка 2637, Активни 18
Делчево 2169, Активни 43
Берово 1849, Активни 17
Дебар 1811, Активни 7
Валандово 1594, Активни 1
Виница 1479, Активни 10
Пробиштип 1298, Активни 3
Кратово 1102, Активни 7
Богданци 1098, Активни 7
Крушево 1021, Активни 5
Демир Хисар 925, Активни 1
Македонски Брод 794, Активни 6
Демир Капија 629, Активни 1
Македонска Каменица 534, Активни 3
Пехчево 515, Активни 1
Дојран 369, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“
Поголема минимална плата? Нема да има. Нема пари ниту за минимална плата, ниту за земјоделците, ниту за пензионерите, велат од СДСМ.
„Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има.
Ни доаѓаат „економски работници“. Според договорот кој го објавија британски медиуми треба да им се обезбедат плати, сместување, пензии. Ако нема работа мора да им се плати, што значи нема да има ниту за плати ниту за пензии. Така вели договорот.
Не, тоа не се мигранти. Економски работници. Затоа и Законот за странци го сменија.
Може да ги нарекуваме економски работници додека Мицкоски не им даде пасоши, а потоа ќе станат рамноправни граѓани на Македонија.
Што да се прави, договор си е договорот“.
Како што нагласуваат од СДСМ, засега во буџетот недостига само една милијарда евра.
„Само ВМРО-ДПННЕ не се грижи. Има пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери“.
Македонија
Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност
Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета.
Сиљановска-Давкова го поздрави напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на секоја земја има позитивен ефект врз регионалната евроинтеграциска динамика.
Претседателката потсети дека, по 20 години кандидатски статус, македонскиот пристапен процес станува исцрпувачки маратон, со постојано одложување на целта.
Таа потенцираше дека Копенхагенските критериуми мора да бидат единствените услови за членство и дека билатерализацијата создава опасен преседан, овозможувајќи блокирање на европскиот пат и на други земји кандидатки.
Албанската министерка искажа силна поддршка за македонските евроинтеграции и уверување дека земјите од Западниот Балкан споделуваат идентични цели и вредности и треба заеднички да чекорат кон европското семејство.
Обете се согласија дека регионалната соработка е клучна за стабилноста, добрососедските односи и
инфраструктурното поврзување, а особено за реформски процеси неопходни за членството во ЕУ.
Во трилатералниот меморандум потпишан меѓу нас, Бугарија и Албанија, препознаваме јасно дефинирана временска рамка и динамика за реализирање на активностите врзани за Коридорот 8.
Воспоставувањето на систем со едно застанување „One Stop Shop“ на сите гранични премини меѓу двете земји, сметаат дека ќе придонесе за брза заедничка контрола и јакнење на меѓусебната соработка.
Соговорничките укажаа на потребата од засилена економска соработка и се заложија за продолжување на одличната соработка во НАТО.
Почитувањето на правата на малцинските заедници е додадена вредност за пријателските македонско-албански односи.
Македонија
МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари
Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај. Грижата за земјоделците продолжува“, велат од таму.

