Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа меѓу четири возила, од кои едното на МВР
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на бул. Трета македонска бригада во Скопје.
Според информациите, сообраќајката се случила меѓу четири возила, од кои едно полициско.
Во несреќата повредени се М.А. и Ј.Ц. кои биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
При претрес во Охрид пронајдена дрога, приведени две лица
Двајца скопјани се приведени во Охрид откако кај нив била пронајдена дрога.
„На 06.07.2024 во 02.35 часот во СВР Охрид се лишени од слобода В.Н.(25) и А.Т.(22), двајцата од Скопје.
При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана“, информира МВР.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кочани: пронајдена дрога, приведен дилер
26-годишен кочанчанец е приведен откако по претрес во неговиот дом е пронајдена дрога.
„На 05.07.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Кочани, затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и пари“, информираат од МВР.
По целосно расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Кривични против пет малолетници од Скопје за „разбојништво во обид“
СВР Скопје поднесе кривична пријава против пет малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“, извести МВР.
„На 28.02.2024 во Градскиот парк во Скопје, пријавените му побарале пари на Ф.П.А. и се обиделе насилно да му го одземат паричникот“, соопшти МВР.