Црна хроника
Ослободени браќата Мифтари
На Демир Мифтари му е одрееден притвор, а неговите три сина се ослободени, откако во четврток навечер беа приведени во полциската акција во која во нивниот дом беше пронајдено поголемо количество оружје
Како што информиравме, во текот на денот, во полциската кација во тетовскот Ново Село во семејниот дом то – откако полицијата доцна синоќа кај него пронајде автоматски пушки, пиштоли, експлозив, тромблонски мини и муниција. Според полициските сознанија дел од оружејто потекнува од конфликтот во 2001 г., а другиот дел пред неколку години кај нив го донел нивен роднина. Исто така, потврдено е и дека задржаниот тако 59-годишниот Демир Мифтари поврзан со групата што во средата беше ликвидирана кај скопскот село Радуша. бил. Ослободени се неговите три сина, кои исто така беа приведени во полициската акција. Неофицијално, ова лице било логистика на Шабан Зенуни од тетовското село Мерово, кој беше убиен пред два дена во полициската акција кај Радуша.Од МВР најавија дека против Мифтари ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено тргување со оружје. Неговите синови ќе бидат поштедени, бидејќи таткото признал дека оружјето било негово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.
Црна хроника
Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот.
Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.
И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Црна хроника
Со БМВ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило алфа ромео со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

