Спорт
Капело удри по Алегри: Зошто не играше Влаховиќ?
Легендарниот италијански тренер Фабио Капело го критикува својот колега Масимилијано Алегри по киксот на Јувентус во Фиренца. „Старата дама“ одигра нерешено 1:1 во пресрет на дуелот со Пари Сен-Жермен на почетокот од новата сезона од Лигата на шампионите.
Едно од главните прашања по мечот на „Артемио Франки“ беше зошто не играше најдобриот стрелец на тимот Душан Влаховиќ.
По натпреварот Алегри рече дека сакал да го одмори Влаховиќ по неколкуте добри натпревари што ги одигра и дека чувствувал оти новото засилување Аркадиуш Милик, кој го постигна единствениот гол на Јувентус, може да даде нешто поинакво.
„Ја гледам табелата и гледам дека Јувентус заостанува само два бода зад првиот, но размислете дали одигра добро? Масимилијано, престани да се шегуваш. Те сакаме, но покажи ни подобар Јувентус. Ако кажеш дека најважниот натпревар што мораме да го добиеме е оној со Бенфика дома, тогаш зошто Влаховиќ не играше против Фиорентина“, прашува Капело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

