Спорт
Турците тврдат дека тројца играчи го тепале Коркмаз пред соблекувалната
Турција го обжали натпреварот против Грузија, ги обвинуваат судиите дека во последната четвртина им украле 22 секунди. Дуелот Грузија – Турција во Тбилиси на Европското првенство го обележаа конфликтот помеѓу Коркамаз и Санадзе, исклучувањето на турскиот селектор Ергин Атаман, во финишот на второто продолжение и обвинувањата дека тројца играчи на Грузија го нападнале Коркмаз пред соблекувалната.
Турците тврдат дека 22 секунди волшебно исчезнале во моментот кога се случи мешаницата на теренот кога Коркмаз и Санадзе тргнаа физички да се пресметаат.
На прес-конференцијата помошникот на селектор на Турција, Хакан Демир, изјави дека тројца грузиски играчи го нападнале Коркамаз. Турскиот новинар Исмаил Шенол ги објави имињата на играчите што го нападнале Коркмаз пред соблекувалната.
Наводно тоа биле исклучениот Санадзе, Торнике Шенгелија (кој го пропушта Евробаскетот поради повреда на рамото) и Гога Битадзе, кој беше во составот, но не играше. Тврди дека информацијата ја добил од турскиот тим.
„Кога Коркмаз беше исклучен, тој замина во соблекувалната со кондициониот тренер Ерен Хангун. Во тој момент Битадзе, Шенгелија и Синадзе ги нападнаа Фуркан и Ерен заедно со едно лице од обезбедувањето. Тепачката ескалира кога Ерен се обиде да го одбрани Фуркан од нива. Ова се информациите од нашиот тим“, изјави Шенол.
Турција се закани дека ќе се повлече од Европското првенство доколку не ѝ биде доставена видеоснимка од безбедносните камери, а ФИБА сè уште не се огласила за ова прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сонот за медал е жив, „Алкалоид“ на чекор до остварување на целта
Шахистите на ШК Алкалоид влегуваат во последното 7. коло на Европскиот клупски куп кој се одржува на грчкиот остров Родос со реални шанси за освојување медал!
Во шестото коло ШК Алкалоид играше со вториот непоразен тим на турнирот, СуперЧес од Романија, за кој настапува светскиот првак Гукеш. Токму тој ја направи единствената победа на првата табла против Еригаиси, додека другите пет меча завршија со реми.
– Белите фигури треба да донесат некаква предност во ваквите мечеви, а тоа му успеа на Гукеш во Гринфелдова одбрана. Светскиот првак успеа во системот на отворање да го наведе Еригаиси во непознати води и ја презема иницијативата. На крајот, заслужена победа за СуперЧес, а ние се мобилизираме за следниот меч, кој ќе биде последен на турнирот, – изјави ВМ Влатко Богдановски.
Другите играчи на романскиот тим немаа успех со белите фигури заради солидните одбрани на Јангји Ју и Александар Инѓиќ на третата и петтата табла.
Од друга страна, на втората табла Ји Веи не успеа да ја пробие сицилијанската одбрана на Јорден ван Форест, а најинтересна беше партијата на четвртата плоча каде Читамбарам Аравинд играше против поранешниот европски првак, Алексеј Сарана. При отворањето, иднискиот велемајстор дојде во изгледна позиција, но потоа во комплицираната средишница Сарана се снајде и прејде во напад, но на крајот партијата заврши со реми. Пуранек на шестата табла исто така успеа да направи мал плус на старт од дуелот со Даниел Дарда, но во четвртиот час од играта превиде пешак, по што грчевито се бореше да воспостави рамноправна позиција и да ремизира. СуперЧес на овој начин стигна до минимална победа од 3,5:2,5 и останува единствена екипа со максимален учинок, 12 бода од 6 рунди. Унгарскиот клуб Нагиканижаи го доби дуелот на втората табла со Туркиш Ерлајнс и во моментов е втор со 11 поени, а утре ќе излезе на мегдан со првопласираните. Победникот од нивниот дуел ќе биде крунисан како нов шампион на Европа.
ШК Алкалоид во моментов е на делба на третото место, заедно со уште четири други екипи. Со победа во 7. коло македонскиот шампион останува кандидат за медал, а противник ќе им биде седмиот носител, израелскиот клуб Ришон Ле Цион, предводен од ветеранот Борис Гељфанд и Максим Родштајн (кој оваа година беше на делба на врвот на индивидуалното европско првенство во шах, но поради послаби „тај-брејк“ критериуми беше третопласиран).
Последното 7. коло започнува еден час порано, во 14 часот по локално време. Извесно е дека со победа ШК Алкалоид би освоил медал, но од другите резултати ќе зависи дали тоа ќе биде сребро или бронза.
(ПР)
Спорт
Вест Хем израмни негативен рекорд
Катастрофалната сезона на Вест Хем продолжи во петокот вечерта со поразот од Лидс (2:1). Официјално ова е најлошиот почеток на сезоната на „Чеканите“ во последните 52 години.
Вест Хем го забележа третиот пораз во низа, а Нуно Еспирито Санто нема победа откако ја презеде функцијата од Греам Потер. Вест Хем е на 19-то место на табелата, со само една победа, едно реми и седум порази.
Со вкупно четири бода во првите девет кола, Вест Хем ги изедначи двете најлоши сезони во историјата на клубот, во иста ситуација клубот беше во сезоните 1932/33 и 1973/74.
Интересно единствената победа во Премиер лигата, Вест Хем ја забележа против Ноингем Форест на чија клупа тоггаш седеше токуму Еспирито Санто.
Португалецот ја започна својата работа на клупата на „Чеканите“ со реми со Евертон, и оттогаш се мачи да најде одговори за сите проблеми.
Еспирито Санто е првиот тренер на Вест Хем кој не успеа да забележи победа во првите четири натпревари во Премиер лигата откако Мануел Пелегрини се најде на истата позиција во септември 2018 година.
Спорт
Долгот на Фенербахче изнесува повеќе од половина милијарда евра
Спортското друштво Фенербахче има огромен долг. Сите спортски секции се во минус од 588 милиони евра.
Јагиз Сабунџуоглу, спортски новинар од Турција, јавно ги објави овие тврдења.
Кога долгот ќе се конвертира во локална валута, тој изнесува 28,7 милијарди турски лири.
Овој долг се однесува на целото спортско друѓтво, вклучувајќи ги сите спортски филијали, објекти и деловни операции.
Кошаркарскиот тим на Фенербахче моментално има резултат 3-3 по шест кола од натпреварувањето во Евролигата и е на деветтото место на табелата.
Тимот на Шарунас Јасикевичиус неодамна го победи Ефес во градското дерби.
Минатата сезона, Фенер ја освои титулата во Евролигата, победувајќи го Монако со 81:70 во Фајналфорот.
Фудбалскиот клуб Фенербахче беше вицешампион на Турција минатата сезона.
Оттогаш го отпушти тренерот Жозе Мурињо и го ангажираше Доменико Тедеско за шеф на стручниот штаб по неуспешниот обид да стигне до Лигата на шампионите.
Фенер моментално е на третото место во Суперлигата со 19 бода од девет натпревари, додека во Лига Европа се на 14-то место со шест бода по три кола.

