Свет
Тајна на успехот на Украинците е примената на методи развиени од американски специјалци

Војната во Украина ја помина границата од шест месеци, а западните власти велат дека Украина успешно го искористила методот на отпор развиен од американските сили за специјални операции за да возврати на Русија и да ја закопа нејзината многу супериорна армија.
Таканаречениот концепт на оперативен отпор беше развиен во 2013 година, по војната на Русија со Грузија неколку години претходно, но неговата вредност беше реализирана дури по инвазијата на Москва на Крим во 2014 година.
Доктрината, позната по акронимот РОК, обезбедува иновативен и неконвенционален пристап кон војувањето и одбраната што ја доведе не само украинската војска туку и цивилите како дел од заедничкиот отпор против руската армија.
⚡️ CNN: Ukraine uses resistance doctrine developed by US to deter Russia.
Ukrainian forces have successfully used a method of resistance warfare developed by U.S. special operations forces, the U.S. and European officials told CNN.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) August 28, 2022
„ Сите раце се тука за украинската влада во однос на сеопфатната одбрана. Тие ги користат сите ресурси и, исто така, некои многу неконвенционални средства за да ја попречат војската на Руската Федерација – изјави за Си-ен-ен пензионираниот генерал-полковник Марк Шварц, кој ја предводеше командата на силите за специјални операции во Европа за време на развојот на РОК.
Воено послабата Украина им се спротивстави на руските сили кои мислеа дека ќе го совладаат поголемиот дел од земјата за неколку недели, ако не и денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.