Македонија
СДСМ: Во пресрет на зимата Владата обезбеди храна и електрична енергија за подобри услови

Владата предводена од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна, обезбеди доволни количества храна и електрична енергија за подобри услови за граѓаните и компаниите, соопшти владејачката партија.
Како што додаваат, во рамките на посетата на премиерот Ковачевски на Софија договорено е дека од Бугарија во текот на зимата ќе купуваме поевтина струја за стопанството. Увозот ќе почне во последниот квартал од годината и ќе трае до 31 март.
„Со ова се обезбедува електрична енергија за македонското стопанство под подобри услови од берзанските цени. Се формира работна група, која во наредните две недели ќе најде решение за капацитетите и транспортот на електрична енергија.
Државата предводена од СДСМ од изолирана од меѓународната заедница и со нарушени односи со соседите, сега гради регионална соработка, која е од исклучително значење за напредокот, но и за справување со последиците од економската и енергетската криза.
Во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ се потпиша договор, со кој ќе се избегне недостиг на основни прехранбени производи во државите членки, Албанија, Србија и Северна Македонија“, се наведува во соопштението.
Исто така, се додава дека договорот е гаранција оти ќе има доволно храна за граѓаните од сите три земји.
„Со регионална соработка, со здружување и солидарност, СДСМ обезбедува непречено снабдување со храна и електрична енергиија за граѓаните и компаниите во време на најголемата криза во поновата историја. СДСМ будно ја следи состојбата и презема навремени и ефикасни мерки за амортизирање на ударот на глобалната економска и енергетска криза“, порачуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).